Author Archives: opstinaadmin

Пролетно уредување на јавни површини во општина Василево

DSC_0185

Во општина Василево во тек се активности на уредување на јавните површини низ населените места. Јавното претпријатие  за комунални дејности „Турија“ во чии надлежности се овие активности деновиве започна со косење на тревата во парковите и нивно наводнување како и со уредување на гробиштата низ населените места.

Според информацијата од директорот на ова претпријатие г-дин Леонардо Николов, денес се работело на паркот кој е на влезот во с. Василево  каде е искосена тревата и истиот е наводнет , а искосени се и гробиштата во с. Градошорци. Во текот на претходната недела биле уредени и гробиштата во населените места Пиперево и Ангелци.  Николов информираше дека до верскиот празник Велигден, планирано е  гробиштата во сите населени места да бидат уредени.

Исто така според информацијата од директорот, пролетно уредување ќе има во меморијалниот парк „Методи Митев“ во с. Василево и паркот во с. Градошорци, по што ќе следува уредување и на останатите јавни површини односно површините покрај улиците во населените места. Сите овие активности како што информираше Николов се планирани со Програмата за одржување на јавни површини на ЈПКД „Турија“ за 2017 година.

DSC_0182 - Copy

DSC_0184 - Copy

DSC_0198 - Copy

DSC_0212

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градинката „Прва радост“, Василево ја одбележа двегодишнината

vasilevo1

Градинката „Прва радост“ од Василево денес одбележа две години од своето работење.

Со насмевки на лицата и радосни извици дечињата ја проследија забавата со кловнот кој специјално за денешниот роденден беше гостин во градинката и  ги забавуваше и се дружеше со дечињата.

На претставата и претходеше првоаприлско дефиле. Децата облечени во костимите на своите омилени јунаци  направија кратка прошетка во блиската околина.

„Денес се навршуваат две години од работењето на градинката „Прва радост“. Денес детската градинка го прославува својот втори роденден. Роденденот го одбележавме со неколку активности и тоа: кловновска забава за дечињата, локовна изложба со цртежи на тема „Мојата градинка“ и априлијада во која децата беа маскирани во нивните омилини ликови од цртаните филмови. Иако периодот е многу краток ние како установа сме задоволни од постигнатиот успех а сметаме дека и родителите се задоволни од нашето работење. На почетокот започнавме со работа во еден објект, имавме околку 40 дечиња а сега бројот на дечињата го зголемивме на 70. Отворивме уште еден нов објект, „Малото славејче“ во с. Моноспитово со капацитет од 40 деца“, изјави директорката на оваа градинка, г-ѓа Даниела  Трајковска по повод одбележувањето на годишнината.

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов кој упати честитки по повод успешното двегодишно финкционирање на градинката и воедно најави иницијатива за нејзино проширување односно изградба на уште еден објект како би се задоволиле потребите од згрижување на деца до предшколска возраст во општина Василево. „Најпрво би упатил честитки по повод постоењето и успешното функционирање на детската градинка  „Прва радост“ во Василево. Сметам дека тоа е еден од проектите со најголем бенефит како за родителите така и за децата кои овде ги стекнуваат првите знаења. Иако веќе отворивме еден клон во с. Моноспитово општина Василево е на идеја да гради уште една детска градинка, бидејќи интересот за згрижување деца е голем, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

Градинката „Прва радост“ од Василево започна со работа на 01.04. 2015 година. Изградена со Европски средста обезбедени  преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија, а инвентарот и опремата се обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика.

vasilevo2

vasilevo4

vasilevo3

DSCN0334

DSCN0336

DSCN0338

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на О.Василево ја одржа 52-та седница

DSC_0081

На вчерашната 52-ра редовна седница, членовите на Советот на општина Василево ги усвоија сите точки од обемниот дневен ред меѓу кои беа Завршната сметка и годишниот извештај за работењето на општина Василево за 2016 година, Завршните сметки за 2016 година и полугодишните извештаи за учебната 2016/2017 на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала и Завршната сметка на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево.

„На денешната седница имаше повеќе точки меѓу кои како најзначајни би ги издвоил полугодишните извештаи на двете основни општински училишта, Годишниот извештај и завршната сметка за 2016 година на општина Василево. Од завршната сметка се гледа дека минатата година од предвидените 119 000 000 денари, општина Василево има реализирано околу 50 000 000 ден. како бројка можеби изгледа малку но ако го земеме предвид фактот дека минатата година беше изборна година и не успеавме да ги извршиме сите плаќања кон коминтентите, поради што и процентот на реализација е помал. Меѓутоа во овој прв квартал од 2017 година сите тие средства стигнаа во општинската каса и се трансферирани на нашите коминтенти“,  изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов во врска со реализацијата на Буџетот од претходната 2016 година.

На дневен ред на оваа седница беа и два предлози од ЈПКД „Турија“ Василево и тоа предлог- одлука за распоред на добивката и предлог-решение за разрешување и именување на член на УО на ова претптијатие. Разрешен беше Наце Коцев а на негово место именуван Ванчо Андонов. На предлог на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, советниците ја именуваа Даниела Трајковска за в.д директор на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за период од шест месеци.

На оваа седница донесена беше и одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево,  Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2017 година, како и неколку одлуки за финансиска поддршка.

DSC_0084

DSC_0086

DSC_0087

DSC_0106

DSC_0108

DSC_0081

DSC_0092

DSC_0111

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирани две улици во Висока Маала

DSC_0062

Викендов, во населеното место Висока Маала општина Василево асфалтираше две улици. Една со должина од 170 метри  и ширина од 3метри  и друга помала, со должина од 85 метри и ширина од 3 односно онолку колку што дозволуваат условите на теренот.

„Улиците кои денес ги асфалтираме се на две важни локации за селаните, Горна маала и Долна маала. Иако за многумина жители беше скоро неверојатно дека овие улици ќе добијат асфалт поради непристапниот терен, ние тоа го направивме. Подготвивме проект и еве денес почна реализацијата која сметам дека ќе заврши најмногу за два дена, по што жителите од двата краја на селото може да ги уживаат бенефитите“, изјави градоначалникот Стојанов кој и самиот присуствуваше на асфалтирањето во Висока Маала.

Стојанов нагласи дека набргу ќе почне асфалтирањето улица во Анѓелци, како и рамнење на теренот во школскиот двор каде што Агенцијата за млади и спорт ќе гради повеќенаменско игралиште

Задоволство од реализираното изразија и жителите на Висока Маала, бидејќи со изградбата на овие улици им се  подобрува квалитетот на живеењето.

Средствата за овие две улици се обезбедени од Буџетот на општина Василево. Градежните активности на терен ги реализираше компанијата „Жикол“ од Струмица.

DSC_0052

DSC_0065

DSC_0070

DSC_0072

DSC_0074

DSC_0077

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Потпишани два договори за два нови проекти

DSC_0048

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов потпиша два договори за реализација на два проекти со вкупна вредност од 5 830 292 денари. Со градежната компанија „Жикол“ потпишан е договор за Реконструкција на постојниот Дом на култура во Нова Маала и негова адаптација во спортска сала, додека со фирмата „Пешо Инженеринг“  договор за изградба на Повеќенаменско игралиште во Доброшинци.

„Денес беа потпишани два договори за два капитални проекти на територијата на општина Василево. Се работи за два проекти од областа на спортот и културата, наменети пред се за младите односно учениците од подрачното училиште во Добрашинци и учениците од училиштето во Нова Маала. Потпишавме договор за изградба на повеќенаменско игралиште во Добрашинци и договор за реконструкција на Домот на културата во Нова Маала и негова адаптација во спортска сала.“ изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов по денешното потпишување на договорите.

Со оглед на тоа што градежната сезона веќе е започната, а и согласно одредбите во договорите,  работите на терен треба да започнат во најбрзо време, а градоначалникот Стојанов изрази надеж дека во текот на оваа градежна сезона и двата објекти ќе бидат комплетно изградени и подготвени за користење, како од учениците така и од сите други љубители на спортот од овие населени места кои овде ќе може да спортуваат и рекреираат.

Средствата за реализација на овие два проекти се обезбедени од Буџетот на општина Василево.

DSC_0019

DSC_0022

DSC_0024

DSC_0026

DSC_0028

DSC_0033

DSC_0029

DSC_0040

DSC_0048

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градежни активности во Висока Маала

DSC_0493

Во населеното место Висока Маала во тек се градежни работи на  две улици. Како што информираше градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој денес беше во Висока Маала, моментално се работи на подготовка на улиците за асфалтирање. Во тек е нивно рамнење, насипување и тампонирање по што во најбрзо време активностите ќе финишираат со асфалтирање.

Станува збор за две улици,  на две различни локации, од кои едната е со должина од 170 метри  а другата 85 метри. Двете улици се широки по околу 3 метри, односно максимално колку што дозволуваат условите на терен.

Активнсотите се одвиваат паралелно и на двете улици.

Градежните работи ги изведува компанијата „Жикол“ со која општина Василево има потпишано договор и за порамнување на јавна површина во ова населено место каде со средства од АМС ќе се гради кошаркарско игралиште.

DSC_0486 DSC_0494

DSC_0498

DSC_0501

DSC_0503

DSC_0508

DSC_0511

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 52-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

Во понеделник, 20.03.2017 година, со почеток во 15,00 часот, во просториите на Домот на културата во Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 52-та седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Годишен план за обука на административните службеници за 2017 година во општина Василево.
  2. Предлог-завршна сметка на Буџетот на општина Василево за 2016 година.
  3. Годишен извештај на општина Василево за 2016 година.
  4. Завршна сметка на ЈОУДГ „Прва радост“ Василево за 2016 год.
  5. Давање согласност на Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“ Василево за 2016 година.
  6. Давање согласност на Одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“ Василево за распоредување на добивката остварена по годишната сметка и финансискиот извештај за 2016 година.
  7. Завршна сметка на ООУ„Гоце Делчев“, Василево за 2016 година.
  8. Завршна сметка на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала за 2016 година.
  9. Полугодишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ Василево за учебната 2016/2017 година.
  10. Полугодишен извештај за работата на ООУ „Атанас Нивичански“ Нова Маала за учебната 2016/2017 година.
  11. Предлог – решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈПКД „Турија“, Василево.
  12. Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2017 година.
  13. Предлог-одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на општина Василево.
  14. Предлог-одлука за одобрување на финансиски средства.
  15. Предлог-одлука за доделување на награда на наставник Горица Русева поради постигнати посебни резултати во наставно – образовниот процес.
  16. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување во бесправниот објект – индивидуална станбена куќа на к.п бр. 2275 во КО Пиперево.
  17. Предлог-одлука за именување на в.д директор на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево.
  18. Донесување на одлука по барањето за добивање на финансиски средства поднесено од МПЦ- Одбор на храмот Св. Ѓорѓи, с. Пиперево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево се одржа редовна крводарителска акција

DSC_0458

Денес во Василево, во просториите на Домот на културата успешно беше спроведена акција на доброволно дарување на крв. Претставниците на организаторите, Црвениот крст, Заводот за трансфузиона медицина и општина Василево како координатор на акцијата се задоволни од одзивот  на граѓаните, кои и денес, како и во сите изминати акции,  со чинот на доброволно дарување крв ја покажаа својата хуманост.

„Општина Василево е препознатлива по организирањето крводарителски акции“ изјави координаторот на денешната акција, Александар Ристов и самиот неколкукратен дарител, воедно упатувајќи апел до сите граѓани на општина Василево да се вклучат во акциите кои редовно, на три месеци се организираат во Василево.

„ Упатам апел до сите кои се можност да даваат крв, кои се во добра здравствена состојба, да дадат крв бидејќи со оваа скапоцена течност можеме да спасиме нечиј живот“, рече координаторот Ристов.

Апел до своите сограѓани да се вклучат во крводарителските акции упати и крводарителот Бобо Величковки, кој рече дека крв дава 13 пати и дека после секое дарување се чувствува подобро. „Кога ќе ја дадам крвта чувствувам  дека сум помогнал на некој од луѓето а и мене некако многу ми е полесно бидејќи сметам дека така ја прочистувам и својата крв. Затоа им препорачувам на сите  мои сограѓани, посебно на младите, да се вклучаат во овие акции и да даруваат крв“, изјави крводарителот Боби Величковски.

Во денешната акција собрани се над 20 крвни единици. Покрај повеќекратните дарители и денес имаше млади кои по прв пат се вклучија во акцијата и со тоа станаа дел од големото семејство на хумани граѓани – крводарители.

DSC_0439

DSC_0440

DSC_0441

DSC_0450

DSC_0462

DSC_0467

DSC_0472

DSC_0477

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Фудбалерите на ФК „Василево“ ќе гостуваат во Берн

3

На 25-ти март, 2017 година сениорската екипа на ФК „Василево“ ќе гостува во Берн Швајцарија, каде ќе одигра пријателски натпревар со ФК „Македонија“ од Берн. Поканата за овој пријателски натпревар доаѓа од  раководството на како што стои во Поканата „единствената македонска фудбалска екипа во Кантон Берн“.

Пријателскиот натпревар ќе се одигра во сабота на 25-ти март со почеток во 16,00 часот на фудбалското игралиште Bodenweid Bumpliz во Берн. Овој натпревар за домаќинот има карактер на тест натпревар пред почетокот на активното фудбалско првенство.

Од раководството на ФК „Василево“ информираат дека со задоволство ја прифатиле поканата за гостувањето и дека  тоа за нив е одлична можност  да ги покажат своите фудбалски мајстории надвор од државата, а воедно и да се дружат  со своите колеги – фудбалери  и сонародници.

ФК Василево се натпреварува во Третата  фудбалска лига – Исток.

1

2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Крводарителска акција во Василево

2

Во среда, 15 март, 2017 година,  Црвениот крст на Македонија во соработка со Заводот за трансфузициона медицина и општина Василево организира крводарителска акција. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09,00 до 14,30 часот, во просториите на Домот на културата во Василево.

Организаторите упатуваат отворена покана до сите  сегашни и  идни крводарители, да ја покажат својата хуманост на дело, да се вклучат во акцијата  и да помогнат во спасувањето на нечиј живот.

2

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail