Author Archives: opstinaadmin

Дневен ред за 46-та Седница на Советот на општина Василево

dscn5467

Во понеделник, на 31.10.2016 година, со почеток во 15,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 46-та седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за одтуѓување на движни ствари во сопственост на општина Василево.
  2. Предлог–одлука за утврдување на места на кои е дозволено да се истакнат изборни плакати за изборите во 2016 година со обезбедени еднакви услови за сите организатори на изборната кампања во општина Василево.
  3. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2016 година за периодот 01.01.2016 до 30.09.2016 година (К-1).
  4. Квартален извештај за доспеани а неизмирени обврски на општина Василево за периодот 01.01.2016 до 30.09.2016 година (К-2).
  5. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување на општина Василево за периодот 01.01.2016 до 30.09.2016 година (К-3).
  6. Давање согласност на новиот Правилник за внатрешна организација на ЈПКД „Турија“ Василево донесен од Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ Василево.
  7. Давање согласност на новиот Правилник за систематизација на работни места на организација на ЈПКД „Турија“ Василево донесен од Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунални дејности „Турија“ Василево.
  8. Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог-годишна програма за работа на советот на општина Василево за 2017 година.
  9. Предлог-програма за социјална заштита на општина Василево за 2017 година.
  10. Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2017 година.
  11. Предлог-програма за поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација на локалните патишта и улици во општина Василево за 2017 година.
  12. Предлог-програма за одржување и проширување на јавното осветлување на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  13. Предлог-програма за спорт рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  14. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2017 година.
  15. Предлог-програма за локален екононски развој на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  16. Предлог-програма за изградба, реконструкцијација, одржување и заштита на локалните патишта и улици на општина Василево за 2017 година.
  17. Предлог-програма за начин на пресметување на трошоците за уредување на грдаежното земјиште на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  18. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2017 година.
  19. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во индустриската зона на општина Василево за 2017 година.
  20. Предлог-програма за уредување на просторот на градежно земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2017 година.
  21. Предлог-програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води во општина Василево за 2017 година.
  22. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2017 година.
  23. Предлог-одлука за утврдување на висината на пазарната вредност на недвижниот имот на теритријата на општина Василево.
  24. Предлог-програма за одржување на локалните патишта и улици во општина Василево за 2016/2017 година во зимски услови.
  25. Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Василево за 2017 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Оглас за Изработка на проектна документација за пречистителни станици и канализации во сливот на река Струмица

undp-rbec-strumica-logo

Во рамките на проектот за Управување на сливот на река Струмица на 20.10.2016 година, од страна на УНДП објавен е јавен оглас бр. 83/2016 за „Изработка на проектна документација за пречистителни станици и канализации во сливот на река Струмица (ДЕЛ 1-6)“.

Информираме дека Огласот е достапен на веб страната на УНДП на следниот линк: http://procurement-notices.undp.org/view_notice.cfm?notice_id=33702, како и на веб страната на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на следниот линк: http://www.rdc.mk/southeastregion/index.php/mk/novosti/593-21-10-2016

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево донесе одлука за кредитно задолжување на општината

dsc_0664

На денешната редовна  45-та седница на Советот на општина Василево, со осум гласови „за“ беше донесена одлуката за кредитно задолжување на општина Василево во износ од 10 000 000 денари наменети за изградба на две улици: по една во населените места Пиперево  и Нова Маала.

Советниците од советничката група на СДСМ и НСДП не гласаа за предлогот.

Истата предлог-одлука беше на дневен ред и на вонредната седница одржана пред неколку денови, но тогаш не го доби потребното мнозинство.

„ Она што не успеавме да се договориме со советниците на претходната вонредна седница денес тоа го сторивме, ја донесовме одлуката за кредитно задолжување на општина Василево во висина од 10 000 000 денари врз основа на позитивен одговор од Министерството за финансии и Светска банка за задолжување на општина Василево, бидејќи општина Василево има кредитен рејтинг за тоа да го направи. Задолжувањето ќе биде за две улици односно за централната улица во населено место Пиперево, која ќе има пешачки патеки од двете страни на улицата, атмосферска канализација и осветлување. Другата улица е во населеното место Нова Маала. Тоа е една од пофреквентните улици во ова населено место, со ширина од 5 метри и ќе биде со каналско одведување на атмосферските води“,  изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, по одржувањето на денешната седница.

Согласно денес донесената Одлука, долгорочното домашно задолжување на општина Василево ќе се оствари преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

Висината на заемот е 10 000 000 денари, со грејс период од една година и рок на отплата од 5,5 години.

dsc_0643

dsc_0666

dsc_0667

dsc_0670

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Училиштето во Седларци ќе се реконструира со европски пари

image2

Денес, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, заедно со неговиот бугарски колега, градоначалникот на општина Струмјани, г-дин Емил Илиев, во рамки на Програмата  за прекугранична соработка INTERREG –IPA CBC Бугарија –Македонија 2014 – 2020, потпишаа договор за имплементација на проектот „Заштита на животната средина во прекуграничниот регион Василево – Струмјани за подобрување на енергетската ефикасност“. Во рамките на заедничкиот проект, во општина Василево ќе се реконструира подрачното училиште во с. Седларци. Со замена на  прозорците и вратите со нови, со  промена  на кровот, со поставување на термичка  фасада, фотоволтаични панели, централно  топловодно греење на пелети и соларен систем за санитарна топла вода, училиштето во с. Седларци ќе прерасне во енергетско ефикасен објект кој користејќи  обновливи извори на енергија  ќе ја штити животната средина.

Во општина Струмјани, проектните активности ќе се случуваат во најголемото населено место во таа општина –  селото Микрево каде ќе биде поставено енергетски ефикасно улично осветлување.

Вкупниот буџет за имплементација на овој партнерски проект, чија цел е заштита на животната средина и одржлива употреба на заедничките природни ресурси во прекуграничниот регион,  изнесува околу 240 000 евра.

 image4

 

image1

image3

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја закажа 45-та седница

dscn5467

Во четврток, 20.10.2016 година, со почеток во 13,00 часот Советот на општина Василево ќе ја одржи 45-та редовна седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Василево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP).

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирана улицата што води кон фудбалското игралиште во Василево

dsc_0403

Денес, локалната самоуправа од Василево заврши со реализација на уште една активност;  во с. Василево асфалтирана е улицата што од црквата води кон фудбалското игралиште.

На асфалтирањето присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, кој меѓу другото рече дека со асфалтирањето на оваа улица општината привршува со реализација на се она што било планирано со Програмата за изградба на патишта и улици во општина Василево, донесена од сите советници на Советот. Улицата истовремено претставува и улица за пристап кон земјоделското земјиште, поради што дел од средствата во висина од 1 000 000 денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој  од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.

Вкупниот буџет за реализација на улицата изнесува околу 2 200 000 денари од кои 1 200 000 денари општината ги обезбеди од сопствените приходи.

Улицата е со должина од околу 370 метри и ширина од 4 метри.

Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.

dsc_0406

dsc_0411

dsc_0414

dsc_0419

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советниците од СДСМ и НСДП ја напуштија седницата

dsc_1508

Синоќа, Советот на општина Василево не ја усвои Предлог-одлуката за долгорочно домашно задолжување на општина Вaсилево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP). Советниците на СДСМ и НСДП не го поддржаа предлогот. По образложението дадено од градоначалникот на општина Василево  г-дин Ванчо Стојанов и дискусијата во врска со предлогот, советниците од   СДСМ и НСДП ја напуштија седницата.

Предлог-одлуката се однесува на долгорочно домашно задолжување на општина Василево  кое ќе се оствари преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка во висина од 10 000 000 денари а со цел финансирање на капитален инвестиционен проект „Изградба на локална улица во с. Нова Маала и реконструкција на улица во с. Пиперево“. Според Предлогот, рокот на отплата на заемот е 5,5 години со грејс период од 1 година.

dsc_1482

dsc_1508

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Вонредна седница на Советот на општина Василево

dscn5467

Денес, 13.10.2016 година, со почеток во 20,00 часот, Советот на општина Василево ќе одржи Вонредна седница со единствена точка на дневен ред:

1. Предлог-одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Вaсилево во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP).

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Училиштата во општина Василево ја одбележаа Неделата на детето

dsc_0357

Денес, во двете основни општински училишта „Атанас Нивичански“ Нова Маала и „Гоце Делчев“, Василево, првачињата и официјално станаа членови во Светската детска органазиција. Пред наставниците и директорките на училиштата ветија дека ќе учат, ќе ги почитуваат наставниците и дека ќе се  дружат, а наставниците се обврзаа да ги воспитуваат и образувазуваат. Честитајќи им го приемот во Светската детска организација градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов им вети, како и досега,  поддршка во сите нивни училишни активности.

Денешното одбележување беше во форма на креативни работилници во кои учествуваа сите основци.

„Оваа година неделата на детето ја одбележуваме на малку поразличен начин од претходните години, со поинакви содржини, со работилници посветени на детето, со пораки посветени на детето, бидејќи и самото мото на неделата е „Децата прашуваат“, изјави директорката на ООУ „Гоце Делчев“ Емилија Котева“.

Во денешното одбележувањето на детската недела се вклучија и дечињата од детската градинка „Прва радост“ од Василево кои денес  се придружија на работилницата организирана од ООУ „Гоце Делчев“  од Василево.

Во рамки на денешното одбележување, првачињата ја посетија општината а од нивниот домаќин,  градоначалникот, добија одговори за се што ги интересираше и  се разбира пригодни подароци.

dsc_0192

dsc_0195

dsc_0197

dsc_0198

dsc_0207

dsc_0242

dsc_0245

dsc_0253

dsc_0255

dsc_0280

dsc_0283

dsc_0321

dsc_0324

dsc_0328

dsc_0333

dsc_0336

dsc_0342

dsc_0368

dsc_0382

dsc_0396

dsc_0391

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ООУ „Гоце Делчев“ домаќин на свечената академија по повод Светскиот ден на учителот

dsc_0091

По повод 5-ти Октомври, Светскиот ден на учителот, денес ООУ„Гоце Делчев“ од Василево беше домаќин на свечената акамедија на која, Сојузот на просветни работници  на Република Македонија, на најдобрите учители им додели признанија за просветен работник на годината во учебната 2015/2016.

„ Човештвото тежнее кон напредок, а тој напредок не е замислив без грандиозната улога на учителот. 21-от век е предизвик за современиот учител – сите кои сте вклушени во таа област тоа го знаете. Учителот поучувач, воспитувач, само кога работи со љубов прави работата да стане видлива“,  рече меѓу друготопрофесор доктор Веселинка Лажовска од Сојузот на просветните работници на Р.Македонија, обраќајќи им се на присутните и честитајќи им го денешниот празник. Присутните ги поздрави и директорката на училиштето домаќин, Емилија Котева и градоначалникот на општина Василево Ванчо Стојанов. „ Свесни дека образованието е онаа сигурна алатка која  ни помога да ги отвориме сите врати, почитувани учители, само едно сакам да Ви порачам: Независно од брзиот развој на технологијата, Вие учителите сте оние кои ќе им го пренесат знаењето на своите ученици  подготвувајќи ги на тој начин да се справат со сите предизвици што ги носи секојдневието“ им порача Стојанов на учителите.

Признанија за Просветен работник на годината им беа доделени на вкупно шест учители, меѓу кои и на Горица Русева наставник по одделенска настава во с. Ангелци кое е во склоп на ООУ „Гоце Делчев“ од Василево.

„ Работете, успехот сам по себе ќе дојде“ –  е пораката што Горица Русева им ја упати на своите колега.  За неа наградата како што рече претставува благодарност за досегашната работа и мотив за уште поуспешна работа во иднина.

Признание од Советот на општина Василево за постигнати посебни резултати и успеси доби и Алма Хасанова – професор по спорт и физичко воспитување во  училиштето „Гоце Делчев“ во Василево.

По доделувањето на Признанијата свечената академија која започна со изведба на Gaudeamus igitur, продолжи со пригодна културно уметничка програма подготвена од учениците и наставниците од училиштето домаќин.

dsc_0108

dsc_0095

dsc_0097

dsc_0104

dsc_0105

dsc_0114

dsc_0088

dsc_0129

dsc_0153

 dsc_0176

dsc_0178

dsc_0182

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail