Author Archives: opstinaadmin

Општина Василево и Универзитетот за туризам и менаџмент, Скопје, потпиша Меморандум за соработка – ќе бидат доделени 15 целосни стипендии за студирање

DSC_0015_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, проф. д-р Аце Миленковки, потпишаа Меморандум за соработка меѓу општина Василево и Универзитетот за туризам и менаџмент.

Согласно Меморандумот, Општината и Универзитот  во наредниот период би воспоставиле соработка од поголем обем. Како можни насоки во кои би се одвивала соработката се: Партнерство во аплицирање на проекти кои се од заеднички интерес; Реализација на практикуми за студенти, Организирање на настани од заеднички интерес; Подобрување на капацитетите на вработените во општината со реализација на обуки, работилници и семинари од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје; Експертска поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во сферата на градење и креирање на атрактивни туристички брендови на ниво на општина Василево; Воспоставување на соработка со општини и градови со кои едната страна веќе соработува и Доделување на петнаесет стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година на располагање на општина Василево.

Градоначалникот на општина Василево по потпишувањето на Меморандумот, изјави дека општина Василево се надева на успешна соработка со Универзитетот од која бенефит ќе имаат и двете страни.

DSC_0003_1024x681 DSC_0011_1024x681 DSC_0017_1024x681 DSC_0983_1024x681 DSC_0987_1024x681 DSC_0998_1024x681 DSC_1001_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Поставен камен-темелник на параклис во с. Сушево

DSC_0933_1024x681

Денес, во населеното место Сушево поставен е камен -темелник на црковен храм, параклис, во чест и спомен на Св. Тројца, со благослов на надлежниот архиереј на Струмичката православна епархија на МПЦ –  Охридска епископија, неговото високо преосвештенство митрополитот струмички господин, господин Наум, Светиот чин беше изведен од  страна на свештеници од Струмичката епархија.

На поставувањето на камен-темелникот,  присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој  изрази благодарност до ктиторот  и вети уредување на просторот околу параклисот.

„Општина Василево секогаш стои зад црквата, а во иднина, после изградбата на параклисот, општината ќе го уреди околниот простор и ќе створи пријатно катче во кое жителите ќе се одмараат, дружат и воопшто ќе се чувствуваат убаво“, порача градоначалникот Андонов, на денешниот свет чин на поставување на камен темелникт на параклисот во населеното место Сушево.

DSC_0915_1024x681 DSC_0922_1024x681 DSC_0927_1024x681

DSC_0934_1024x681 DSC_0946_1024x681 DSC_0955_1024x681 DSC_0967_1024x681 DSC_0977_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево ќе се одржи крводарителска акција

Krvodaritelska, 04.05.2022

На 04.05.2022 година (среда), ОО Црвен крст Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона медицина и во соработка и поддршка на општина Василево, организира  крводарителска акција со граѓаните и вработените во општина Василево. Акцијата ќе се одржи во просториите на ООУ.,,Гоце Делчев”, во периодот од 09:00 часот до 14:00 часот.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, сегашни и идни крводарители, да ја покажат својата хуманост на дело и да се приклучат кон акцијата. „ Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно“, порачуваат од ОО Црвен крст Струмица, www.facebook.com/CrvenKrstStrumica/ .

Да напоменеме дека крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно.
Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за самозаштита на Министерството за здравство.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Андонов на средба со жителите на населеното место Едрениково

3

„Вечерва остварив средба со граѓаните на Едерниково. Нивните барања се наши приоритети. Општина Василево по повод празникот Ѓурѓовден со свој придонес ќе помогне во организацијата на прославата во црквата св. Ѓорги“, објави на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов по синоќешната средба со жителите на населеното место Едрениково. Средбата на која присуствуваа голем број граѓани се одржа на нивно барање, со примарна цел да се потврди поддршката од страна на општина Василево во одбележувањето на верскиот празник Ѓурѓовден, кој воедно е и селска слава во ова населено место.

1 2 4 5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Ердоган Сарач во посета на Градоначалникот Славе Андонов

1

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со Претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија, Ердоган Сарач. На средбата, како што информираше градоначалникот Андонов, било разговарано за заеднички соработка и активности кои ќе бидат преземени во дел од населените места. „Разговаравме за активностите што следуваат во наредниот период кои ќе ги преземеме со негова помош во дел од населените места во општина Василево“, по средбата, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 , градоначалникот Андонов.

На средбата присуствуваше и Ридван Мемедов, член во Советот на општина Василево од  Движењето за национално единство на Турците во Македонија.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пожарот кај населените места Радичево и Дукатино е изгаснат

пожар

Според информацијата добиена од  командирот на ТППЕ, Струмица,  Александар Гудев,  пожарот кај населените места Радичево и Дукатино, кој беше  активен од вчера утрото е ликвидиран. Опожарени биле околу 20 ха нискостеблеста шума.

Во текот на вчерашниот ден Општина Василево свика Вонредна седница на Советот на која со Одлука на Совет беше формиран Општински штаб за заштита и спасување, а формирани се и сили за заштита и спасување, кои би биле активирани во случај на вакви и слични состојби кои можат да предизвикаат штети и последици од поголеми размери.  За командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување именуван е градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Фреихт оне победници на Велигденскиот турнир во мал фудбал – Добрашинци 2022

7

Екипата на Фреихт оне од Радовиш е победник на годинешниот Велигденски турнир во мал фудбал – Добрашинци 2022, кој под покровителство на општина Василево се одржа во населеното место Добрашинци. Тие во финалниот натпревар ја совладаа екипата на Гостилница Баче од Струмица со резултат од 4:1 и  се закитија со победничкиот пехар кој им го предаде градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов. Третото место и припадна на екипата Васфил сонце од Нова Маала кои со резултат од 2:1 на пенали, беа поуспешни и ја совладаа екипата на Енерџи дринк од Василево. За најдобар играч беше прогласен Минур Асанов од екипата на Фреихт оне; најдобар голман Љупче Џеков од екипата Гостилница Баче а најдобар стрелец -Горан Стојанов од Фреихт оне.

Во кадетска конкуренција, подобра беше екипата на Пепи травел, која со резултат од 1:0 ги совлада ДТ Травел.

Вкупниот награден фонд на турнирот во кадетска конкуренција беше 100 000 денари, односно 60 000 за првопласираните, 30 000 денари  за вторите и 10 000 денари за третопласираните. Кај кадетите наградта за прво место изнесуваше 4000 денари а за второпласираните 2000 денари.

1 2 3 4 5 6 8

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Василево одржа седница

6

Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Василево, вчера, веднаш по неговото формирање, во присуство на  командирот на ТППЕ Струмица Александар Гудев, одржа седница на која е разгледана состојбата со пожарот во близина на населените места Радичево и Дукатино.

По анализа на информациите, одлучено е состојбата на теренот постојано да се следи од страна на лица од ТППЕ,  Струмица,  ЈП „Македонски шуми“, подружница Струмица и одредени лица од месното население и за секоја евентуална промена на состојбата да се информира Општинскиот штаб за заштита и спасување, како би било навреме интервенирано и спречени штети и последици од пошироки размери .

1 5

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево одржа Вонредна седница

9

Вчера, со почеток во 17,30 часот, Советот на општина Василево одржа вонредна седница со две точки на дневниот ред:

Предлог-одлука за именување на членови на општинскиот штаб за заштита и спасување во општина Василево и Предлог-одлука за формирање на сили за заштита и спасување во општина Василево.

Вонредната седница е свикана поради појавата на пожарот во близина на населените места Радичево и Дукатино и  именување на членови во Општинскиот штаб за заштита и спасување во општина Василево, како би можела локланата самоуправа соодветно, во рамки на своите законски овластувања, да одговори на потребите од новонастаната состојба.

За командант на Општинскиот штаб за заштита и спасување именуван е градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов а за началник  Митко Јанев. На седницата именувани се и помошници на началникот на Општинскиот штаб за заштита и спасување и тоа: за  оперативни работи, за прва медицинска помош, за згрижување и евакуација, за заштита и спасување од пожари и за заштита и спасување од поплави; како и лица во функција на помошен персонал.

На седницата формирани се и сили за заштита и спасување во општина Василево, како оперативно тело кое ќе дејствува на терен во сите евентуални кризни ситуации на територијата на општината.

11 12

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Над с. Радичево гори нискостеблеста шума

пожар

Над населеното место Радичево има активен пожар – гори нискостеблеста шума. Според информацијата добиена од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев,  куќите и самото населено место не се во опасност.   На терен се екипи на ТППЕ Струмица и ЈП „Македонски шуми“, подружници Струмица. Пожарот е пријавен утринава во 8.50 ч, по што од ТППЕ Струмица е интервенирано со 2 возила и 10 пожарникари. Поради непристапноста на теренот, пожарот сеуште е активен, но екипите кои се на терен го контролираат,  информираат од ТППЕ.

Според информација од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, локалната самоуправа презема мерки во рамки на своите надлежности. „Ја следиме состојбата на теренот и стоиме на располагање со наши човечки ресурси и материјална средства. Доколку има потреба ќе го свикаме Советот на општина Василево и Општинскиот штаб за заштита и спасување,  ќе ја разгледаме состојбата, ќе донесеме заклучоци и ќе дејствуваме согласно нашите овластувања и можности“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој беше  на лице место,  во близина на населеното место Радичево, каде   сеуште гори.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail