Author Archives: opstinaadmin

Советот на општина Василево донесе одлука за изработка на урбанистички проекти за фотоволтаици

nova (1)

Во општина Василево, на четири локации од кои  две во населеното место Нова Маала и по една во населените Ангелци и Добрашинци, планирана е изградба на соларни фотоволтаични електрани. За таа цел, на последната  одржана седница,  на предлог на градоначалникот, Советот на општина Василево ги усвои предложените Иницијативите за изработка на урбанистички проекти во населените места Добрашинци, Нова Маала и Ангелци, со намена површински соларни и фотоволтаични електрани.  Како што стои во предлогот доставен до Советот, целта на урбанистичкиот проект е урбанизација на планираниот опфат со дефинирање на сите архитектонско урбанистички параметри за уредување на просторот со формирање на градежни парцели  со намена Е1-13 површински соларни фотоволтаични електрани.

На дневен ред на седницата беа и  Кварталните извештаи за работата на општина Василево за периодот 01.01.2021 – 31.12.2021 година, кои по обемната дискусуија не го добија потребното мнозинство. Според информација од раководителот на одделението за финансии на општина Василево, неусвојувањето на кварталните извештаи од страна на Советот, нема да има последици врз работењето на локалната самоуправа. Епилог на дискусиите, главно со незадоволство од работење на претходниот градоначалник, е изјаснувањето како „воздржани“, на мнозинството советници.

Според информациите од материјалите доставени од одделението за финансии, извршувањето на Буџетот за 2021 година, вклучувајки го и Буџетот на единките корисници – ООУ „Гоце Делчев“ Василево и ООУ „Атанас Нивичански“ и ЈОУДГ” Прва Радост”Василево, изнесува 78,76% или изразено во номинална вредност, од планирани 182 819 921 денари, реализирани се 143 981 812  денари, додека кај основниот Буџет на општината, реализацијата е 63,92% или изразено во номинална вредност  од планирани 99 875 000 денари реализирани се  63 839 734 денари. Реализацијата кај блок дотациите е 99,88% а  кај самофинансирачките активности, 38,90%. Реализацијата кај даночните приходи изнесува 83,17 % односно од планирани 24 216 716 денари од даноци, собрани се 20 140 139 денари. Кај неданочните приходи од планирани 850 000 денари, прибрани се 784 943 или 92,35 од планираните средства по тој основ.  Реализацијата кај капиталните приходи е 22,51%, односно од планирани 16 637106  денари реализирани се  3 744 186 денари. Кај трансферите и донациите, во кои спаѓаат приходите обезбедени преку планираните проекти реализацијата е 67,34% или од планирани 58 171 178 денари обезбедени се 39 170 466 денари.

Во расходниот дел реализацијата е 63,92%, односно од планирани 99 875 000 денари реализирани се 63 839 734 денари.

Што се однесува до доспеаните а ненамирени обврски на крајот од пресметковниот период (01.01.2021 – 31.12.2021), долгот на општина Василево изнесува 90 921 782 денари.

Како измена и дополнување на Програмата за Урбанистички планови за 2022 година, советниците ја усвоија и Иницијативата за изработка на УП со намена изградба на туристичка населба на локалитетот брана Турија, с. Добрашинци. Едногласно беше усвоен и предлогот со кој приоритет за аплицирање му се дава на проектот за реконструкција на локалниот пат од крстосницата со пат кон брана Турија до центарот во с. Добрашинци.

Со Одлука на денешната седница, патничкото возило  Hyundai Elantra, сопственост на општина Василево дадено е на користење  на ЈПКД „Турија“, Василево.

На седницата позитивен одговор добија и барањата за финансиска помош поднесени до Советот од страна на физички лица.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

СООПШТЕНИЕ за прекин и пренасочување на сообраќајот на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

izmenet-rezim-na-soobrakaj-792x300

Почитувани,

Општина Василево Ве информира дека поради изведување на градежни работи на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци, во деновите четврток, петок, сабота и недела, (27,28, 29 и 30 01.2022 година)   ќе има прекин во одвивањето на сообраќајот на споменатиот локален пат. Сообраќајиот ќе се врши по околниот земјен пат, познат како каменица.

Според планираните активности на  изведувачот, од  понеделник, 31.01.2022 г. состојбата ќе биде нормализирана и локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци повторно ќе биде отворен за користење.

Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на овој проект, општина Василево како инвеститор очекува фер однос и разбирање од засегнатите учесници во сообраќајот  во  наведените денови.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Договор за соработка со Синдикална подружница Независен синдикат на полициски службеници од Струмица

1

„Ми претставува особена чест што денес склучивме договор за соработка со синдикалната подружница при Независниот синдикат на полицијата при Струмица, претставувана од претседателот Миле Милески“, информираше градоначалникот нса општина Василево Славе Андонов преку својот ФБ профил https://www.facebook.com/slave.andonov.

Согласно Договорот потпишан со претседателот на синдикалната подружница од Струмица, Миле Милески, општина Василево,  по предлог на Комисија формирана од Независниот синдикат од ПС Струмица, презема обврски, да започне со избор на најдобар полицаец на општина Василево со место на вработување во ПС Струмица и за него да  обезбеди и парична награда во висина од 18 000 денари.

Исто така општината, за потребите на полициските службеници,  бесплатно ја става на користење  спортската сала во Василево.

„Со оваа иницијатива која ќе се спроведува во континуитет секоја година, ќе допринесеме за мотивираност и соработка со полициските службеници што дополнително ќе се одрази на безбедноста на самата општина“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

 2

3 4

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за петата седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 31.01.2022 година (понеделник) со почеток во 15:00 часот, во просториите на Општина Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи петата седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот за 2021 година за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година (К-1).
  2. Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски на општина Василево за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година (К-2).
  3. Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето на општина Василево за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година (К3).
  4. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Пецанова Слоботка од с.Дабиље бр.192.
  5. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Ристова Лика од с.Нова Маала бр.61.
  6. Предлог одлука за пренесување на право на користење на патничко моторно возило Hyundai Elantra на ЈКПД ,,Турија” Василево.
  7. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2022 година
  8. Извештај за реализација на програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2021 година

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Средба на градоначалникот Андонов со кик боксерот Пепи Велков

DSC_0205_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, во својот кабинет оствари средба со кик боксерот од А1- Арена, Петре (Пепи) Велков, при што му беше ветена финансиска поддршка за  престојниот интернационален натпревар, што ќе се одржи во Хам, Германија, на 26.02.2022 година.

„Како локална самоуправа, секогаш сме на страната на младите, на спортот и спортскиот развој. Горди сме на неговите успеси и постигнувања, а поддршката  од наша страна е најдобар начин да му се заблагодариме за промоцијата и афирмацијата и за моментите на радост и гордост што ги буди кај нас, неговите сограѓани“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по средбата со кик боксерот Пепи Велков.

Пепи Велков се натпреварува во категорија до 68 килограми, а денешната средба беше непосредно пред подготовките за натпреварот во Германија, кои ќе се одржат во Нови Сад, соседна Србија.

DSC_0206_1024x681 DSC_0209_1024x681

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Радичево се уредува каналот покрај главната улица

DSC_0201_1024x681

Денес, ЈПКД „Турија“, Василево по налог на општина Василево врши активности на уредување на каналот покрај главната улица во населеното место Радичево.

„Со механизација се отстранива наносот од каналот со што му се враќа првобитната намена, односно истиот се враќа во функција. Од состојбата на лице место видливо беше дека подолг период каналот не е чистен поради што ја изгубил и функцијата. Водата од врнежите заедно со сите наноси карактеристични за ваквите ридски населени места,  наместо да се слива, канализира и насочува покрај асфалтот истата неконтролирано се излевала правејќи штета на  асфалтната коловозна лента. Домаќинското  управување со општите добра подразбира постојана грижа за се што е направено, што е и наша примарна цел“, изјави градоначалникот на општина Василево по направениот увид во денешната активност. Дел од денешните работни активности на  ЈПКД„Турија“ во Радичево  е и расчистувањето на дивата депонија. Во врска со ваквата активност градоначалникот Андонов упатува апел до сите граѓани да се воздржуваат од неконтролираното  фрлање смет и загадување на животната средина, бидејќи  на тој начинн ја штитат природата и својата најблиска околина, а истовремено овозможуваат средствата кои би биле употребени за отстранување на дивите депонии да се наменат за активности и проекти од кои сите тие ќе имаат полза.

DSC_0190_1024x681 DSC_0198_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево и ЈПКД „Турија“ помагаат во одбележувањето на Водици – Богојавление

4_354x768

Денес, ЈПКД „Турија“, по налог на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, со механизација,  се вклучи во уредувањето на речното корито во населените места Василево, Пиперево у Добрашинци, заради утрешното одржување на верскиот обичај  „фрлање на крстот“ и осветување на водите по повод верскиот празник Богојавление – Водици.

„ Верата и традицијата се неизбежен дел од секојдневието на нашите сограѓани, а ние како локална самоуправа со овој чин надело покажуваме дека секогаш сме целосно во служба на своите сограѓани“, информираше градоначалникот Андонов, кој излезе во пресрет на потребите за непречено одвивање на утрешниот настан – осветување на водите по повод празникот Богојавление – Водици.

1_355x768 2_355x768 3_355x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево воведува приемен ден за граѓаните

Priemen

Градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, воведува приемен ден за граѓаните.  Секој понеделник почнувајќи од 13,00 часот ќе биде период во кој граѓаните по претходно закажување ќе можат да остварат средба со градоначалникот на која ќе можат да разговараат со него и да му ги изложат своите проблеми, идеи или прашања.

Телефонски број за закажување на средбите е 034 354 444.

„Средбите со граѓаните како механизам на соработка ги сметам за најобјективен, најкоректен и најфер начин на комуникација, а со воведувањето на ПРИЕМЕН ДЕН за граѓаните,  на ваквата комуникација и даваме нова поквалитативна димензија, бидејќи секој граѓанин кој има потреба, ќе може во однапред точно утврден термин да оствари комуникација со мене и  на најнепосреден начин да ги образложи своите проблеми или да ги изнесе своите ставови. Освен непосредноста, со овој начин на комуникација акцент се става и на почитувањето на времето на секој поединец, со оглед на тоа што сите знаеме дека живееме во динамично секојдневие, чија ефикасност во многу зависи од доброто планирање. Очекувам воведувањето ПРИЕМЕН ДЕН за граѓаните многу брзо да даде позитивни резултати и да биде позитивен чекор во приближувањето на локалната самоуправа кон нејзините граѓани“, е ставот на градоначалникот на општина Всилево Славе Андонов во врска со воведувањето на приемниот ден за граѓаните.

priemen den

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се уредува дворот на училиштето во с. Дукатино

naslov

Во подрачното училиште „Гоце Делчев“ во с. Дукатино  во тек се активности на уредување на училишниот двор со бекатон плочки.  Плочките се поставуваат околу училишната зграда на предниот, влезен дел од објектот со што влезната партија добива сосема нов лик  и дополнително придонесува за подобрување на хигиената во и околу училиштето.

„Деновите додека учениците се на зимски распуст  училиштето ги користи за реализација на оваа активност, која е планирана токму за овој период кога учениците не се на настава, со цел градежната активност да се одвива непречено и без да има негативно влијание врз нормалното одвивање на наставниот процес“, информираше директорот на ООУ„Гоце Делчев“, Дејан Стојанов, во чиј состав е  ова подрачно училиште.

Активноста се спроведува со средства обезбедени од Буџетот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево.

3_1024x577 4_1024x768

2_1024x577

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Продолжија активностите на реконструкција на Домот на културата во Василево

4

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес изврши увид во текот на градежните активности на Домот на културата во Василево, кои после подолг прекин  продолжија.

„После подолг временески период на стагнација, продолжија градежните активности на реконструкција, адаптација и санација на Домот на културата во населеното место Василево.  Реализацијата на овој проект, со оглед на неговото значење не само за  жителите на населеното место Василево туку и за жителите од целата општина е од особено значење, поради што после интервенција од наша страна, по период на подолг застој, успеавме да продолжиме  со реализација на планираните активности“, изјави градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Реконструкцијата е целосна и опфаќа демонтажа (рушење) на постоечката кровна конструкција,  постоечките плафони, преградните ѕидови, демонтажа на постојната бина и комплетната столарија (врати и прозорци), и изградба, набавка  и монтажа на копмплетно нови елементи и конструкции, со што постојниот објект, со сите негови простории ќе биде целосно нов и функционален.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 13 700 000 денари од кои околу 10 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој и Владата на РСМакедонија, а остатокот, со Одлука на Советот на општина Василево, од општинската каса.

Сите планирани активности, комплетно треба да бидат завршени во текот на оваа година.

3

5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail