Author Archives: opstinaadmin

Јавна покана за поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година

LOGO, Opstina Vasilevo

Врз основа на член 29 од Законот за данок на имот (Сл. Весник на РМ бр. 61/2004, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 23/16, 151/21) општина Василево објавува

ЈАВНА ПОКАНА

за поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година

Даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 година (образец ДИ), поднесува даночен обврзник (правно и физичко лице), сопственик, корисник или плодоуживател на станбени објекти, административни згради и деловни простории кои служат за вршење на дејноста на обврзникот и сите други објекти во сите населени места  вклучувајќи ги и оние од ридско-планинските подрачја. Од 01.01.2008 година обврска за поднесување на даночна пријава за имот има и за оној имот кој досега бил ослободен од одредбите на досегашниот Закон.

 ОБВРЗНИЦИ НА ДАНОК НА ИМОТ СЕ:

  • Правни и физички лица, сопственици на имот;
  • Правни и физички лица, корисници на имот во случаи кога сопственикот не е познат или не е достапен;
  • Плодоуживател на имот, согласно Законот;
  • Ако имотот е сопственост на повеќе лица, секој од нив е сопственик на данок на имот сразмерно на сопственичкиот дел;
  • Правни и физички лица кои дополнителнио се стекнале со имот во текот на претходни години, а не го пријавиле;
  • Имотот на кој настанале промени во вредноста (изградба, доградба, довршување, проширување),

НАПОМЕНА

  • Даночен обврзник кој поднел даночна пријава за данок на имот во 1994 година или во наредните години, а кај кого нема промена во сопственоста или вредноста на имотот, не поднесува даночна пријава;
  • За неподнесување даночна пројава, даночниот обврзник ќе се казни со парична казна согласно Законот за данок на имот;
  • Проверка на терен како и точноста на сите досега пријавени податоци ќе ги врши даночен инспектор .
  • Даночната пријава се поднесува во Одделението за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци во општина Василево.
Изготвил                                                                                                општина Василево
Блажо Стоилков                                                                                    Градоначалник,
                                                                                                              Славе Андонов

 

Јавна покана за поднесување даночна пријава за утврдување на данок на имот за 2022 г.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Божиќна честитка од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов

Untitled

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ, до своите сограѓани од христијанска вероисповед  упати честитка.

Почитувани мои сограѓани од христијанска вероисповед,

Славејќи го Рождеството Христово, се потсетуваме на основните христијански вредности кои се најголем двигател во нашите животи.

Сплотувањето, мирот и радоста во овие денови ни ги исполнуваат душите а светлината со кои зрачат има за цел да ни го покаже вистинскиот пат во овие тешки времиња.

Рождеството христово ни влева надеж и ни испраќа најсилна порака, да шириме љубов и да бидеме хумани, бидејќи во овие времиња тоа е најпотребно.

Останете со добро здравје, радувајте се и славете го животот а празниците поминете ги во кругот на најблиските,

Христос се роди, вистина се роди, за многу години Божиќ.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Бадниковата поворка ја посети општина Василево

1

Денес, дечињата од Бадниковата поворка, пеејќи Бадникови песни ја посетија општина Василево, каде ги пречека градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

„Сакам да ви се заблагодарам што Бадниковата поворка годинава беше и во Општина Василево. Коледарите носат среќа и бериќет на секоја врата на која ќе затропаат, па силно верувам дека вашата убава мисла и енергија во новата година што ја започнуваме, ќе донесат благосостојба, хармонија, среќа, здравје и радост на секој жител на Општина Василево. Воедно,ова се моите желби и за сите православни христијани, жители на Општината, со кои заеднички ги празнуваме Божикните празници. Нека овој Божик ни донесе меѓусебно разбирање и почитување, нека ни донесе просперитетна иднина и подобар живот на сите нас“, напиша на својот ФБ профил, www.facebook.com/slave.andonov

Градоначалникот на општина Василево Андонов, кој кој во согласност со традицијата ги даруваше коледарчињата со овошје и бисквити.

7 4 5

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства во Градашорци

наслов

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на децата од социјално загрозените семејства во Турското маало во с. Градашорци, им подари пакетчиња.

„Ова е период на празници, период  на кој  сите му се радуваме а посебно децата. Со овој чин на дарување, на дечињата од социјално загрозените семејства во т.н  Турско маало им  пренесовме дел од празничната атмосфера,  и ја зголемивме нивната радост.

Пакетчињата се состоеја од  играчки,  а насмевките на детските лица беа  најголемото „ благодарам“ за нас и потсетување дека некогаш е потребно навистина малку за да се стопли нечие срце“, изјави градоначалникот на општина Василево за чинот на дарување.

3 4 6


5

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот на општина Василево ги посети откупните пунктови за тутун

1

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов беше во посета на пунктовите за откуп на тутун во населените места Радичево, Ангелци и Сушево, каде во непосредна средба и разговори со тутунопроизводителите се интересираше за текот на откупот и состојбата во оваа област.

„Денес на терен ги слушнав маките и проблемите на тутунопроизводителите. Интересот и грижата за општото добро на сите мои сограѓани е приоритет во мојата секојдневно работење. Денешната посета беше токму во насока на информирање  за состојба во делот на откупот на тутун, проблемите со кои се соочуваат и секако изнаоѓање можностите и начини за институционално дејствување заради надминување и  разрешување на одредени ситуации. Пораката од нашите тутунари од денешната средба е да се иницира измени во Законот за откуп на тутун, со тоа што би се забранил увоз на тутун се до оној момент додека не се откупи и последното ливче од нашиот домашен тутун.  Сметаме дека на тој начин ќе се стимулираат тутунопроизводителите да вложуваат во развој на идната реколта и на тој начин да си обезбедат сигурна и подобра егзистенција за семејството, што би придонело и за намалување на иселувањето на младите од нашата средина. Останувам целосно посветен на ветувањата дека  во текот на мојот мандат ќе бидам секогаш достапен  за граѓаните и подготвен за решавање на проблемите со што ќе се постигне повисоко ниво на квалитет на животните услови“ , изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов во врска со денешната посета на откупните пунктови за тутун.

5 7 8 9 10

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов

Untitled

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов по повод Нова година со видео обраќање преку својот  ФБ профил,  https://www.facebook.com/slave.andonov, на сите свои сограѓани им упати честитка со пораки за здравје, мир, радост и бериќет во наредните 365 денови. Во наредната година Ви  пожелувам да останете вредни како досега, родот да се зголеми а здравјето, радоста и бериќетот да бидат секојдневен гостин во Вашите домови.

„Нова година е празник на сплотувањето. Секоја година на 31-ви декември сите жители на планетата земја, без разлика на пол, возраст, вероисповест или боја на кожа испраќаме порака со надеж за здравје, мир, радост, и бериќет во идните 365 дена.

Почитувани жители на општина Василево, уважени мои сограѓани!

Благодарение на Вашата доверба,  како Ваш градоначалник и должник обврска ми е и официјално да Ве известам дека општината ја затекнав презадолжена и со блокирани сметки. Но и покрај тоа за краткиот изминат период  на мојата функција во Ваша служба, успеавме да решивме поголем дел од подзаборавените проблеми од моите претходници. Во населеното место Чанаклија направивме порамнување на улиците и ја исчистивме дивата депонија. Го осветливме дворот и ги пуштивме во употреба кабинетите во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево и ООУ „Атанас Нивичански“ во Нова Маала наменети за изведување на настава по предметите биологија и хемија а делумно и за настава по физика и математика. Во населеното место Добрашинци ги асфалтиравме двете улици и со тоа решевме децениски проблем на жителите од ова населено место.  Го исчистивме отворениот канал во населеното место Пиперево со што се нормализира неговата функција и целосно е подготвен за прифаќање на атмосферските води кои природно во периодот кој следува ќе бидат во пораст.  Заврши изградбата на пристапната улица која води од влезот во населеното место до училишната зграда во Нова Маала. Со  поддршка на општина Василево и Јавното комунало претпријатие Турија во населеното место Радичево се изведуваат активности за изградба на базен во кој ќе се изведува верскиот обичај „осветување на крстот“ по повод празникот Богојавление Водици. Ја расчистивме дивата депонија во населеното место Василево која се наоѓа на излезот од селото после големото фудбалско игралиште во насока на реката. Го исчистивме отворениот канал во населеното место Градашорци од каде со механизација се отстранети околу 60 м3 наносен материјал, главно тиња, кал и вегетација. Проширена е мрежата на атмосферската канализација во населеното место Василево.  Го исчистивме и отворениот атмосферски канал во населеното место Ангелци – активноста се изведуваше на потегот кај селските гробишта во должина од околу 100-тина метри. Извршивме увид во градежните активности на патот Ново Владевци – Старо Владевци – со изведувачот се договоривме да ја интензивираат работата пред зимските врнежливи денови.  Во населеното место Седларци го исчистивме атмосферскиот канал во целосна негова должина покрај патот. Активно работиме на реализација на сите ветувања. Тоа што сме го ветиле и ќе го реализираме. Знаејќи го тоа ни ја дадовте Вашата ценета доверба. Мојата најголема цел е да не ве изневерам. Знаете дека мојата врата е отворена за сите граѓани во општина Василево и во добро и во лошо.

Во наредната година Ви пожелувам да останете вредни како досега, родот да се зголеми а радоста, здравјето и бериќетот да бидат секојдневен гостин во Вашите домови.

Среќни Новогодишни празници

Ваш градоначалник,
Славе Андонов
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Славе Андонов, на првачињата им подари новогодишни пакетчиња

2

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес, на најмалите ученици од општина Василево  – првачињата,  им подари Новогодишни пакетчиња. Со желби за добро здравје, среќа и безгрижни празнични денови, градоначалникот им ја честиташе Новата година и на најубав можен начин, со новогодишно пакетче им посака убави празични денови и среќен распуст.

„Да сте сите живи и здрави, среќни и весели, да бидете умни и послушни и убаво да си ги поминете празниците и заслужениот распуст“, им порача градоначалникот Андонов на првачињата, кои не ја криеја радоста поради подароците.

Искрено, детски, му се заблагодарија со песничка и ветија дека и во наредното полугодие ќе бидат вредни и ќе учат.

Пакетчиња добија сите првачиња кои настава посетуваат во двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала и подрачните во нивниот состав.

Ова е традиционален начин на кој  општината и градоначалникот им ги разубавуваат празниците на  најмалите ученици.

4 7

DSC_0157_1024x681 DSC_0160_1024x681 DSC_0162_1024x681 DSC_0166_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Славе Андонов, оствари средба со координаторот на ТИКА во Македонија

Славе ТИКА

Градоначалникот на општина Василево Слаев Андонов, беше на работна средба во седиштето на ТИКА (Турската агенција за соработкаи координација), каде се сретна и разговараше со Координаторот на ТИКА во Македонија,  Халим Омер Согут.

„Разговаравме за продлабочување на соработката и унапредување на условите за живот во нашата општина преку реализација на проекти од заеднички интерес. Им се заблагодарив за досегашната плодна соработка и очекувам во иднина да ги продлабочиме нашите пријателски односи за доброто на граѓаните и просперитетот на нашите држави“, информираше преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.andonov,

градоначалникот Андонов“, во врска со средбата со координаторорт на ТИКА.

Во Василево, но и во регионот, ТИКА има реализирано повеќе проекти за решавање на проблемите на ранливите категории граѓани, како и вложување во образованието и здравството.

Во општина Василево, резултат на долгата и успешна соработка се повеќе проекти меѓу кои се и изградбата на нова училишната зграда  во населеното место Висока Маала, како и учеството во реконструкцијата на училишната зграда на ПУ „Гоце Делчев“ во с. Ангелци.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Андонов, присуствуваше на Светата божествена литургија

pric

Градоначалникот на општина Василевево, Славе Андонов, во недела, присуствуваше на Светата божествена литургија во храмот  Успение на Пресвета Богородица во с. Василево, која ја отслужи Викарниот епископ Стобиско г. Јаков. Според информацијата споделена на неговиот ФБ профил https://www.facebook.com/slave.andonov „На Божествената литургија присутниот и верен народ се причести со Светите тајни“.

2

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево го донесе Буџетот за 2022 година

naslov

Буџетот на општина Василево за наредната 2022 година, тежок 154 667 000  денари, беше усвоен од Советот на општина Василево на редовната четврта седница одржана на 23.12.2021 година.  Според образложението дадено од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, Буџетот за 2022 година е Буџет за финансиска стабилизација на општината  која е во многу лоша состојба, со огромен долг и блокирана сметка.  Овој буџет е за 10% помал од минатогодишниот и е планиран согласно приоритетите но и реално очекуваниот фискален капацитет на општината, потенцира градоначалникот Андонов.

Бројката од 155 667 000 денари се однесува на консолидираниот Буџет, чиј составен дел се и Буџетите на единките корисници,   односно двете основни училишта „Гоце Делчев“ и Атанас Нивичански и детската градинка „Прва радост“. Основниот Буџет на општина Василево без Буџетите на единките корисници изнесува 70 060 000 денари.

На седницата усвоени се и останатите точки од дневниот ред, меѓу кои:

Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2022 година;  Предлог-Одлука за утврдување на бодот за платите на административните службеници во општина Василево за 2022 година; Програмата за субвенционирање за 2022 г. на ЈПКД „Турија“, Василево; Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, Василево за 2022 година;  Одлуката за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Василево од сите ризици и опасности за 2022 година; Двогодишниот акциски план за родова еднаквост на општина Василево за 2022-2023 година; Програмата за одржување на уличното осветлување во општина Василево за 2022 година; Одлуката за формирање на Општински совет за превенција на детско претстапништво, како и Одлуката за престанок со работа и ликвидација на Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „Астра -Луна“ Струмица, – јавно претпријатие, основано во 2020 година,  како заедничко за десетте општини од Југоисточниот плански регион. На седницата усвоен е и Предлогот за меѓуопштинска соработка, согласно кој општина Василево би соработувала со општина Ново Село во делот на вршење на одредени работи во областа на проценката на недвижен имот.

Позитивен одговор доби и единственото барање за финансиска помош, доставено до Советот на општина Василево.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail