Author Archives: opstinaadmin

Осветлен училишниот двор во ООУ ,, Гоце Делчев ” Василево

222

Од синоќа, училишниот двор на ООУ „Гоце Делчев“ Василево е осветлен. „По повеќегодишно барање на родителите и учениците конечно се осветли училишниот двор“, инфоррмираше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/slave.andonov, притоа објавувајќи и фотографии од осветлениот двор. Со поставување на повеќе светилки на различни позиции низ дворот, истиот е целопсно осветлен и конечно е нормализирано движењето на учениците и вработените во дворот и за време на втората смена, кога посебно во овој период од годината поради намалемното времетраење на дневната светлина  движењето низ истиот е најблаго кажано непријатно.

„Работиме во интерес на сите граѓани на општина Василево“, потенцира градоначалникот Андонов, кој посебно се заложи за  реализирање на  оваа активност.

5 7 8

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Порамнување на улиците во с. Чанаклија

2

На иницијатива на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,  ЈПКД „Турија“,  во населеното место Чанаклија,  на терен, со механизација,  спроведе активност на порамнување на улиците и чистење на дивата депонија.

Според информација од претставник од комуналниото претпријатие конкретно e работено на отстранување на земјени наноси од  локалниот пат Чанаклија – Нова Маала   наталожени по  обилните врнежи  во изминатиот период. Со нивното отстранување  сер обезбедува поголема сигурност во одвивањето на сообраќајот за сите негови учесници.

Со оваа активност опфатено е и чистење на отпадот од дивата депонија во ова населено место.

6

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалнкиот Андонов, гостин на „Отворен ден за граѓанско образование“

DSC_0108_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на покана на ООУ „Гоце Делчев“ Василево беше гостин на денешниот „Отворен ден за граѓанско образование“-  проект организиран и реализран во рамки на предметот граѓанско образование.

Поздравувајќи го тимот заслужен за реализацијата на проектот, на сите учесници им посака учество во повеќе проекти со кои ќе донесат развој и позитивни промени во заедницата.

„Го поздравувам тимот на наставници, професори и  ученици кои учествуваат во проектот. Се надевам дека од сите проекти во кои учествувате ќе го извлечете најдоброто,  а од овој проект  ќе осознаете колку навистина се битни разликите и колку можеме од нив да научиме нешто ново, нешто што ние го немаме, нешто позитивно. Ве охрабрувам да учествувате во повеќе такви проекти и да донесете позитивни промени во општеството во кое живееме“, им порача градоначалникот Андонов на учесниците во проектот.

Во рамки на проектот „Отворен ден за граѓанско образование“, според информација од стручните служби во ООУ„Гоце Делчев“, реализирани се повеќе активности меѓу кои и уредување на училишниот двор и негово разубавување со садење цвеќиња, уредување на училишниот хол и пишување лични творби од страна на учениците  на тема „Сите сме различни а сепак исти“, во кои учениците даваат свои размислување за меѓусебните разлики и сличности. Во рамки на Проектот, како завршна активност подготвена е и презентација  преку која учениците ги искажуваат своите ставови но и нотирани забелешки за потребите во училиштето и образовниот процес.

DSC_0100_1024x681 DSC_0101_1024x681 DSC_0106_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Викендов, асфалтирани две улици во Добрашинци

N

Викендов, во населеното место Добрашинци, финализираше изградбата на двете улици, кои започнаа со изградба пред десетина денови. На асфалтирањето присуствуваше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој во информацијата споделена од активноста на неговиот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.andonov, објави дека ова е решавање на проблем од суштинско значење за жителите на Добрашинци.

Асфалтираните улици се во должина од 165 и 100 метри и ширина од по околу 3,2 метри и истите се од  Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2021 година, за кои градежните работи на теренги ги изведува компамнијата Бони Интерградба.

Средствата за нивна реализација согласно Договорот со изведувачот, изнесуваат 571 746 денари за улицата од 165 метри  и 374 638 денари за улицата долга 100 метри и ќе се исплатат од општинаската каса.

11

66

1 2

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Закрпени дупките на патот за Добрашинци

naslov

„Конечно се закрпени дупките на патот кон Добрашинци кои подолго време претставуваа опасност за граѓаните кои преку нив минуваа со автомобили“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/slave.andonov, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, информирајќи за крпењето на дупките на локалниот пат што води кон Добрашинци. Со оваа активност општина Василево решава еден сериозен проблем за сите учесници во сообраќајот на овој особено фреквевентен локален пат, преку кој со општина Василево се поврзуваат и останатите населени места од Подогражденскиот регион. Крпењето на дупките, како  времено и единствено возможно решение во моментот со оглед на финансиската состојба на општината,  значи зголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообраќајот на оваа делница.

11
444

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Дневен ред за 4-та седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 23.12.2021 година (четврток) со почеток во 17,30 ч. Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната четврта седница на чиј дневен ред меѓу другото е и Предлог-Буџетот на општина Василево за  2022 година.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Разгледување на Предлог за меѓуопштинска соработка и донесување на соодветна одлука;
  2. Предлог-Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Василево од сите ризици и опасности за 2022 година;
  3. Предлог-Двогодишен акциски план за родова еднаквост на општина Василево за 2022-2023 година;
  4. Предлог-Програма за одржување на уличното осветлување во општина Василево за 2022 година;
  5. Предлог-Одлука за престанување со работа и спроведување на ликвидација, промена на назив на фирма, промена на скратен назив на фирма и назначување на ликвидатор на 6. Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ – Струмица;
  6. Предлог-Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско претстапништво;
  7. Предлог-Буџет на општина Василево за 2022 година;
  8. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2022 година;
  9. Предлог-Одлука за утврдување на бодот за платите на административните службеници во општина Василево за 2022 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на општина Василево.

Решение за свикување четврта седница

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Андонов на заедничка средба со амбасадорот на Кралството Холандија

DSD_3486

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  присуствуваше на презентација на документарниот филм „Некогаш во Венецуела“, организирана од Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица и Амбасадата на Кралството Холандија во РСМакедонија.  На презентацијата присуствуваше и Амбасадорот, Н.Е Дирк Јан Коп.

„Наоѓањето соодветен начин за стопанисување на депонијата Шапкар која е лоцирана на територијата на општина Василево во непосредна близина на селото Добрашинци и Брана Турија, беше клучното прашање за кое разговарав со Амбасадорот, со намера и очекување на помош и поддршка во негово решавање како проблем кој  е од посебна важност не само за општина Василево туку и за целиот Југоисточен регион. Поддршка побарав и во решавањето на уште еден, во овој случај локален проблем – фекалните канализации, односно недостигот од таква инфраструктура на нашата тереиторија и проблемите што ги имаме со постојните прочистителните станици. Времето ќе покаже, дали и во колкава мера ќе успееме да добиеме поддршка во надминување на нотираните проблеми“, информираше градоначалникот на општина Василево за средбата со Амбасадорот Дирк Јан Коп.

На заедничката средба која се одржа во Ново Село присуствуваа и градоначалниците на општините Ново Село, Босилово и Струмица.

DSD_3508 DSD_3510 DSD_3522

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Со свечена седница, Советот на општина Василево одбележа четврт век од оснивањето на општината

DSC_0065_1024x681

Советот на општина Василево со свечена седница го одбележа 16-ти Декември – денот на општина Василево и 25-годишнината од нејзиното формирање.

„Ние како актуелен Совет, го продолжуваме патот што го трасирале нашите колеги претходници, кои верувам водени од истата идеја, желба и заложба за развој на општина Василево, вложувале во нејзиниот развојсогласно своите можности и капацитети“, истакна во своето поздравно обраќање Ване Андонов – член во општинскиот Совет, кој во отсуство на претседателот Ристо Делијанов,  ја водеше денешната седница. Изразувајќи благодарност до сите кои се вложиле во развојот на општина Василево упати апел заедно како и досега да се продолжи во понатамошниот развој:„На овој свечен ден,  апелирам, сите заедно, сплотени,  максимално да се ангажираме,за да ја направиме нашата општина урбано уредена, комунално средена, со современа архитектура и инфраструктура  за спортски, културни и секакви други форми на живеење; општината да  ни биде  убаво место за живеење за нас и нашите идни поколенија“.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој меѓу другото рече дека општина Василево со своето постоење ја постигнала целта со тоа што во текот на изминатите години,  преку активностите во рамки на  своите надлежности  го подигнала квалитетот на животот на сите нејзини граѓани во сите населени места.

„Ако целта на секоја локална самоуправа е подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во сите населени места, општина Василево преку реализација на бројните  проекти од сите сфери на својата  надлежност, таа цел постојано ја остварува.  Патната инфраструктура е предизвик кој и  после 25 години постоење и развој не губи од својата актуелност. Пред нас е период во кој со сериозни проекти, кои бараат пред се сериозни финансиски средства, ќе ги решаваме проблемите со отпадните води и нивниот третман преку изградба на канализациони системи и станици за прочистување и филтрирње на водата. Спортот, културата, здравствената и социјалната заштита, исто така во рамки на нашите надлежности се постојано на нашата работна агенда. Ствараме  услови и ги унапредуваме постојните, со што работи кои до вчера биле одбележје само на урбаните општини, денес ги имаме во нашите села,и сето тоа го правиме заедно со сите граѓани “ потенцира градоначалникот Андонов, кој и во оваа свечена прилика се обврза дека и во иднина развојот на општина Василево ќе биде плански и во соработка со нејзините граѓани.  „ Пред нас се години на развој за кој не ни недостасуваат визија и идеи. Со умно планирање, вредно работење и мудро управување со сите потенцијали и ресурси како човечки така и материјални, развојот на општината е сигурен и загарантиран.

И затоа, заедно како и досега, ќе продолжиме да ја градиме, развиваме и модернизираме нашата општина Василево, ќе се грижиме и ќе ги чуваме општите добра како што се грижиме за сопствените домови и со мисла за подобро утре ќе инвестираме во  посветла иднина за сите нас нејзините граѓани“, вети на крајот од своето излагање градоначалникот Славе Андонов.

Јубилејни награди за долгогодишно работење во општина Василево беа доделени на административни службеници од општината кои со своето работење придонеле за целокупниот развој на локалната самоуправа.

На седницата присуствуваа и поранешните градоначалници, Славе Христов и Ванчо Стојанов, актуелни градоначалници од општините од регионот, пратеникот во Републичкиот парламент Дајанчо Ефтимов, како и директори на јавни претпријатија и установи основани од општината.

DSC_0043_1024x681 DSC_0006_1024x681 DSC_0012_1024x681 DSC_0015_1024x681 DSC_0018_1024x681 DSC_0020_1024x681 DSC_0025_1024x681 DSC_0028_1024x681 DSC_0035_1024x681

DSC_0076_1024x681 DSC_0058_1024x681 DSC_0060_1024x681 DSC_0069_1024x681 DSC_0072_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се асфалтира пристапната улица во населеното место Нова Маала

DSC_0096_1024x681

Во населеното место Нова Маала, градежната компанија Бони интерградба ангажирана од општина Василево, ја сфалтира пристапната улица односно улицата која води од влезот на населеното место до училишната зграда.

Увид во текот на завршната фаза од работата на оваа улица направи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој изрази задоволство од динамиката со која се одвиваа активностите и изјави дека жителите од ова населено место, наместо досегашната речиси нефункционална улица, добиваат современ и квалитетен влез во населеното место, што е особено битно и со оглед на моменталните временски условикарактеристични за престојната зимска сезона.

Должината на оваа улица е 250 метри  а планираната ширина околу 5,00 метри и истата е планирана со Програмата за изградба на патишта и улици во општина Василево за 2021 година. Оваа инвестиција е вредна  1 818 530 денари, а средствата ќе се исплатат од општинската каса.  

DSC_0090_1024x681 DSC_0096_1024x681 DSC_0099_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Работна средба на градоначалникот Андонов со претставници од КУД Сушевски бисери

DSC_0643_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес во својот кабинет оствари работна средба со претставници на КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево, на која е разговарано за идните планови на ова културно уметничко друштво и во тие рамки соработката со општина Василево.

„Општина Василево  е отворена и подготвена за соработка а во прилог на тоа е и фактот дека на последната седница на Советот на општина Василево во рамки на Програмата за спорт, рекреација и манифестации за 2022 година,  предвидени се 200 000 денари за поддршка токму на активностите на КУД „Сушевски бисери. Општина Василево секогаш во рамки на  своите можности, ги поддржува здруженијата, кои преку своите активности промовираат вредности од општо добро за граѓаните, притоа промовирајќи ја и општина Василево. На заедничко задоволство соработката меѓу општина Всилево и КУД „Сушевски бисери“, кои го негуваат македонскиот фолклор и традиција, ќе продолжи и во наредниот период“, информираше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов по денешната средба со претставниците од КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево.

 DSC_0643_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail