Author Archives: opstinaadmin

Дневен ред за 4-та седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 23.12.2021 година (четврток) со почеток во 17,30 ч. Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната четврта седница на чиј дневен ред меѓу другото е и Предлог-Буџетот на општина Василево за  2022 година.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Разгледување на Предлог за меѓуопштинска соработка и донесување на соодветна одлука;
  2. Предлог-Одлука за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Василево од сите ризици и опасности за 2022 година;
  3. Предлог-Двогодишен акциски план за родова еднаквост на општина Василево за 2022-2023 година;
  4. Предлог-Програма за одржување на уличното осветлување во општина Василево за 2022 година;
  5. Предлог-Одлука за престанување со работа и спроведување на ликвидација, промена на назив на фирма, промена на скратен назив на фирма и назначување на ликвидатор на 6. Заедничкото јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „АСТРА-ЛУНА“ – Струмица;
  6. Предлог-Одлука за формирање на Општински совет за превенција на детско претстапништво;
  7. Предлог-Буџет на општина Василево за 2022 година;
  8. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Василево за 2022 година;
  9. Предлог-Одлука за утврдување на бодот за платите на административните службеници во општина Василево за 2022 година.

Седницата ќе се одржи во просториите на општина Василево.

Решение за свикување четврта седница

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Градоначалникот Андонов на заедничка средба со амбасадорот на Кралството Холандија

DSD_3486

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  присуствуваше на презентација на документарниот филм „Некогаш во Венецуела“, организирана од Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица и Амбасадата на Кралството Холандија во РСМакедонија.  На презентацијата присуствуваше и Амбасадорот, Н.Е Дирк Јан Коп.

„Наоѓањето соодветен начин за стопанисување на депонијата Шапкар која е лоцирана на територијата на општина Василево во непосредна близина на селото Добрашинци и Брана Турија, беше клучното прашање за кое разговарав со Амбасадорот, со намера и очекување на помош и поддршка во негово решавање како проблем кој  е од посебна важност не само за општина Василево туку и за целиот Југоисточен регион. Поддршка побарав и во решавањето на уште еден, во овој случај локален проблем – фекалните канализации, односно недостигот од таква инфраструктура на нашата тереиторија и проблемите што ги имаме со постојните прочистителните станици. Времето ќе покаже, дали и во колкава мера ќе успееме да добиеме поддршка во надминување на нотираните проблеми“, информираше градоначалникот на општина Василево за средбата со Амбасадорот Дирк Јан Коп.

На заедничката средба која се одржа во Ново Село присуствуваа и градоначалниците на општините Ново Село, Босилово и Струмица.

DSD_3508 DSD_3510 DSD_3522

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Со свечена седница, Советот на општина Василево одбележа четврт век од оснивањето на општината

DSC_0065_1024x681

Советот на општина Василево со свечена седница го одбележа 16-ти Декември – денот на општина Василево и 25-годишнината од нејзиното формирање.

„Ние како актуелен Совет, го продолжуваме патот што го трасирале нашите колеги претходници, кои верувам водени од истата идеја, желба и заложба за развој на општина Василево, вложувале во нејзиниот развојсогласно своите можности и капацитети“, истакна во своето поздравно обраќање Ване Андонов – член во општинскиот Совет, кој во отсуство на претседателот Ристо Делијанов,  ја водеше денешната седница. Изразувајќи благодарност до сите кои се вложиле во развојот на општина Василево упати апел заедно како и досега да се продолжи во понатамошниот развој:„На овој свечен ден,  апелирам, сите заедно, сплотени,  максимално да се ангажираме,за да ја направиме нашата општина урбано уредена, комунално средена, со современа архитектура и инфраструктура  за спортски, културни и секакви други форми на живеење; општината да  ни биде  убаво место за живеење за нас и нашите идни поколенија“.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој меѓу другото рече дека општина Василево со своето постоење ја постигнала целта со тоа што во текот на изминатите години,  преку активностите во рамки на  своите надлежности  го подигнала квалитетот на животот на сите нејзини граѓани во сите населени места.

„Ако целта на секоја локална самоуправа е подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во сите населени места, општина Василево преку реализација на бројните  проекти од сите сфери на својата  надлежност, таа цел постојано ја остварува.  Патната инфраструктура е предизвик кој и  после 25 години постоење и развој не губи од својата актуелност. Пред нас е период во кој со сериозни проекти, кои бараат пред се сериозни финансиски средства, ќе ги решаваме проблемите со отпадните води и нивниот третман преку изградба на канализациони системи и станици за прочистување и филтрирње на водата. Спортот, културата, здравствената и социјалната заштита, исто така во рамки на нашите надлежности се постојано на нашата работна агенда. Ствараме  услови и ги унапредуваме постојните, со што работи кои до вчера биле одбележје само на урбаните општини, денес ги имаме во нашите села,и сето тоа го правиме заедно со сите граѓани “ потенцира градоначалникот Андонов, кој и во оваа свечена прилика се обврза дека и во иднина развојот на општина Василево ќе биде плански и во соработка со нејзините граѓани.  „ Пред нас се години на развој за кој не ни недостасуваат визија и идеи. Со умно планирање, вредно работење и мудро управување со сите потенцијали и ресурси како човечки така и материјални, развојот на општината е сигурен и загарантиран.

И затоа, заедно како и досега, ќе продолжиме да ја градиме, развиваме и модернизираме нашата општина Василево, ќе се грижиме и ќе ги чуваме општите добра како што се грижиме за сопствените домови и со мисла за подобро утре ќе инвестираме во  посветла иднина за сите нас нејзините граѓани“, вети на крајот од своето излагање градоначалникот Славе Андонов.

Јубилејни награди за долгогодишно работење во општина Василево беа доделени на административни службеници од општината кои со своето работење придонеле за целокупниот развој на локалната самоуправа.

На седницата присуствуваа и поранешните градоначалници, Славе Христов и Ванчо Стојанов, актуелни градоначалници од општините од регионот, пратеникот во Републичкиот парламент Дајанчо Ефтимов, како и директори на јавни претпријатија и установи основани од општината.

DSC_0043_1024x681 DSC_0006_1024x681 DSC_0012_1024x681 DSC_0015_1024x681 DSC_0018_1024x681 DSC_0020_1024x681 DSC_0025_1024x681 DSC_0028_1024x681 DSC_0035_1024x681

DSC_0076_1024x681 DSC_0058_1024x681 DSC_0060_1024x681 DSC_0069_1024x681 DSC_0072_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Се асфалтира пристапната улица во населеното место Нова Маала

DSC_0096_1024x681

Во населеното место Нова Маала, градежната компанија Бони интерградба ангажирана од општина Василево, ја сфалтира пристапната улица односно улицата која води од влезот на населеното место до училишната зграда.

Увид во текот на завршната фаза од работата на оваа улица направи градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој изрази задоволство од динамиката со која се одвиваа активностите и изјави дека жителите од ова населено место, наместо досегашната речиси нефункционална улица, добиваат современ и квалитетен влез во населеното место, што е особено битно и со оглед на моменталните временски условикарактеристични за престојната зимска сезона.

Должината на оваа улица е 250 метри  а планираната ширина околу 5,00 метри и истата е планирана со Програмата за изградба на патишта и улици во општина Василево за 2021 година. Оваа инвестиција е вредна  1 818 530 денари, а средствата ќе се исплатат од општинската каса.  

DSC_0090_1024x681 DSC_0096_1024x681 DSC_0099_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Работна средба на градоначалникот Андонов со претставници од КУД Сушевски бисери

DSC_0643_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес во својот кабинет оствари работна средба со претставници на КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево, на која е разговарано за идните планови на ова културно уметничко друштво и во тие рамки соработката со општина Василево.

„Општина Василево  е отворена и подготвена за соработка а во прилог на тоа е и фактот дека на последната седница на Советот на општина Василево во рамки на Програмата за спорт, рекреација и манифестации за 2022 година,  предвидени се 200 000 денари за поддршка токму на активностите на КУД „Сушевски бисери. Општина Василево секогаш во рамки на  своите можности, ги поддржува здруженијата, кои преку своите активности промовираат вредности од општо добро за граѓаните, притоа промовирајќи ја и општина Василево. На заедничко задоволство соработката меѓу општина Всилево и КУД „Сушевски бисери“, кои го негуваат македонскиот фолклор и традиција, ќе продолжи и во наредниот период“, информираше градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов по денешната средба со претставниците од КУД „Сушевски бисери“ од с. Сушево.

 DSC_0643_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во четврток, Свечена седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 16.12.2021 година (четврток) со почеток во 10,00 часот во хотелот Мис Стон (Miss Stone) Градашорци,  по повод 16-ти Декември – денот на општина Василево, Советот на општина Василево ќе одржи Свечена седница.

Свои обраќања ќе имаат претседателот на општинскиот совет, Ристо Делијанов и градоначалникот Славе Андонов.

На седницата,  за посебен придонес во работата и развојот на општината, ќе бидат доделени и јубилејни награди.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ги донесе Програмите за наредната година

naslov

На својата редовна трета седница, одржана на 13.12.2021 годиина Советот на општина Василево едногласно,  со консензус ги донесе Програмите за работа на општина Василево за наредната 2022 година. По јавно искажаниот став од страна на координаторот на советничката група од СДСМ  и коалицијата Најдоброто за мојата општина, Крсте Панев,  дека советниците од оваа коалиција ќе гласаат за сите програми и на тој начин ќе го дадат својот придонес за развојот на општина Василево, поздравувајќи го ставот на оваа советничка група, образложение за програмите даде градоначалникот на општина Василево Славе Андонов. „Проектите се во рамката дадена од Министерството за финансии и ние како општина не можеме да излеземе од таа рамка. Бидејќи општина Василево е презадолжена, преку 80 000 000 денари, Министерствотпо за финансии ни дава 9 000 000 денари за капиптални инвестиции  со цел да немаме непотребни задолжувања во наредната година со кои би се оптоварувал Буџетот. Ова е добра мерка за да можеме да се контролираме во трошењето и да можеме долговите направени од сите претходни власти да можеме да ги враќаме. Програмите ќе бидат реализирани според можностите. Тие се желба, визија која е добро да ја имаме а спроведувањето на Буџетот е реалност и неговата реализација ќе ја видиме според кварталните извештаи кои ќе ви бидат доставувани наредната година. Реализацијата ќе биде во согласност со приходите кои ќе ги прибираме. Нашите можности за прибирање приходи се ограничени, но ќе продолжам да се трудам исто како и во овој месец откако сум назначен во кој  прибраните приходи се многу повисоки отколку приходите во последните неколку месеци прибрани од претходната власт. Се надевам дека заеднички ќе работиме и на седниците ќе разговараме за реализација на канализации, патишта,  градинки и се што е капитално и е во интерес на сите без разлика на политичка партија. Такви се и предложените Програми, во интерес на сите граѓани, без фаворизирања по било која основа“, рече во своето образложени градоначалникот Андонов.

На седницата разрешени беа и на нивно место именувани членови во Управниот и Надзорниот одбор на   ЈПКД „Турија“, Василево. Управниот одбор на ЈПКД Турија го сочинуваат: Никола Делев, Емил Јованов, Ацо Атанасовски, Антоника Иванов и Синан Салиев, додека за членови на Надзорниот одбор се именувани: Тони Еркечев, Енис Демниров, Крсте Иванов, Данче Шејкарова и Бурхан Исинов. Потребното мнозинство не го добија Предлог-решенијата за именување на член на УО на ЈОУДГ „Прва радост“, Василево по предлог на Министерството за труд и социјална политика и  по  предлог на Советот на родители при оваа јавна установа.

Како дополнителна точка на оваа седница беше Предлог-Решението за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ„Прва радост“, предложени од оснивачот. Предлогот  Маја Глигорова, Маја Панева и Павлинка Николова да бидат разрешени  а Игорчо Илиев, Славе Василев и Ване Цветков да бидат именувани, го доби потребното мнозинство.

На седницата донесени беа и Одлуката  за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование 2022 година, Одлука за измена на распоредот на средства на Буџетот на општина Василево за 2021 година, која се однесува на средствата на единките корисници, односно Програмите Основно образование и Детски градинки, како и Одлука за Буџетски календар за 2022 година а која се однесува на определување на роковите, активностите и одговорноста во донесувањето на Буџетот на општина Василево за наредната година.

DSC_0600_1024x681 DSC_0620_1024x681 DSC_0629_1024x681 DSC_0634_1024x681 DSC_0635_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Училиштата во Василево и Нова Маала, добија кабинети по биологија и хемија

DSC_0586_1024x681

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов беше во посета на ООУ „Гоце Делчев“, во Василево каде заедно со директорот Дејан Стојанов и дел од стручните служби го посети новиот кабинет по биологија и хемија, кој училиштето го доби во рамки на Проектот  на МОН за унапредување на основното образовани, реализиран во партнерство со училиштето, општината  и финанисиран од Светска банка. Иста таков кабинет доби и ООУ „Атанас Нивичански“,  Нова Маала.

Според информацијата од стручните служби, кабинетите се наменети за изведување на настава по предметите биологија и хемија, а делумно и за потребите на настава по физика и математика.

За нивно целосно ставање во функција неопходно е доопремување со неопходни нагледни средства и материјали за практично изведување на наставата по споменатите училишни предмети, со што би се постигнала целта – поквалитетна настава и постигање на подобруи резултати од страна на учениците.

DSC_0582_1024x681 DSC_0587_1024x681 DSC_0590_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Работна средба во рамки на Проектот „Центар за помош и нега во домот“

наслов (1)

Денес, во рамки на проектот „Центар за помош и нега во домот“,  општина Василево беше посетена од страна на претставници на Проектната канцеларија на МТСП и консултанти од Светска банка. На работниот состанок чиј домаќин беше градоначалникот  Славе Андонов, учествуваа и одговорното лице за услугата од  општина Василево, стручните работници од   Центарот за социјална работа-Струмица кој е задолжен за корисници на услугата на територија на Василево и Ново Село и координаторот на услугата помош и нега во домот од Црвен крст Струмица.

На состанокот е разговарано за текот и  напредокот на активностите и бенефитот од услугите кои ги добиваат вклучените корисници – стари лица над 65 годишна возраст на кои услугата помош и нега во домашни услови им е неопходна во извршувањето на нивните секојдневни активности и животни потреби.

Посетена беше и просторијата /канцеларијата, која е отворена и опремена  во рамки на проектот и  служи  како база и инфо центар за потребите на сите вклучени учесници.

наслов (2)

наслов (1)

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Добрашинци се градат две улици

наслов

Во населеното место Добрашинци во тек е изградба на две улици од кои едната е во должина од 165 метри, а другата 100 метри. Ширината и на двете улици изнесува по  околу 3,2 метри.

Увид во текот на активностите изврши градионачалникот на општина Василево, Славе Андовов, на заедно со жителите чии дворови  граничат со улицата, на лице место бараше поповолни решенија за одредени ситуации, во согласност со положбата и состојбата на теренот.

Средствата за реализација на овие улици се обезбедени од Буџетот на општина Василево и истите согласно Договорот со изведувачот изнесуваат 571 746 денари за подолгата и 374 638 денари  за улицата од 100 метри.

Изведувач на активностите  на терен е градежната компанија Бони интерградба, која како најповолен понудувач е изведувач и на останатите улици од Програмата за изградба на локалните улици во општина Василево за 2021 година.

 DSC_0545_1024x681 DSC_0556_1024x681 DSC_0560_1024x681 DSC_0567_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail