Author Archives: opstinaadmin

Дневен ред за 35-та седница на Советот на општина Василево

DSCN5467

На 26.08.2020 год. (среда), со почеток во 12,00 часот,  Советот на општина Василево ќе ја одржи триесет и петата седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Годишен извештај за работата на ООУ„Атанас Нивичански“, с. Нова Маала за учебната 2019/2020 година.
  2. Годишна програма за работа за учебната 2020/2021 година на ООУ „Атанас Нивичански“, с. Нова Маала.
  3. Годишна програма за работа за учебната 2020/2021 година на ООУ „Гоце Делчев“, с. Василево.
  4. Финансиски извештај на ЈП „Турија“ за прво полугодие за 2020 година од 01.01.2020 до 30.06.2020 година.
  5. Предлог-одлука за пренесување на правото на користење и управување со водоснабдителниот систем за с. Седларци на ЈПКД „Турија“, Василево.
  6. Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура или сообраќајната инфраструктура воопшто нема да се предвиди и вклопување на бесправниот објект –деловен објект на к.п бр. 2350 во КО Василево.
  7. Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од Здружение на тутунопроизводители „Басмак“, Василево.
  8. Донесување на Одлука по Барањето за финасиски средства поднесено од група на граѓани од с. Владевци.

Седницата ќе се одржи во просториите на Домот на културата во с. Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

ОДЛОЖЕНО третото прскање против возрасни комарци

komarec

Се известуваат граѓаните од општините Василево, Струмица и Радовиш и дека СЕ ОДЛОЖУВА третото прскање против возрасни комарци кое беше предвидено да се изврши на 19 Август 2020 година (среда).

Прскањето се одложува поради неповолни временски услови т.е појава на врнежи во предвидениот период, а за спроведување на планираното трето прскање против возрасни комарци, граѓаните од општините Василево, Струмица и Радовиш и  ќе бидат дополнително известени.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Општина Василево ќе започне со инсталацијата на лед светилки на уличното осветлување

led svetilki

Деновиве во општина Василево ќе започне инсталацијата на штедливи лед светилки на мрежата на  уличното осветлување. Проектот се реализира по ЕСКО  модел со јавно-приватно партнерство. ЕСКО партнер кој на терен ќе ги реализира активностите е компанијата  „Македонски Телеком“, со која општината по објавената јавна набавка, потпиша Договор за   реконструкција и одржување на јавното осветлување преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО модел.

Со проектот е опфатена комплетната мрежа во сите населени места на општината. Телеком како ЕСКО фирма ќе треба да инсталира 1110 нови ЛЕД светилки со различна јачина во зависност од позицијата. Опфатени ќе бидат и спортските игралишта.

,,Со овој проект кој е поддржан од Европската банка за обнова и развој значително ќе се подобри енергетската ефикасност во општина Василево. Како општина  ќе добиеме ново улично осветлување и заштеди со кои во наредниот период ќе се исплати инвестицијата, што значи нема исплата на пари од Буџетот при што граѓаните нема да бидат дополнително финансиски оптоварени. Улично ќе плаќаат како и досега а ќе добијат поквалитетно осветелување. По завршување на договорот ние го добиваме улично со ЛЕД светилки за кое како општина ќе се грижиме но и заштедите по овој основ, изјави градоначалникот на општина Василево,  Марјан Јанев.

Демонтажата на сегашните и инсталирањето на новите ЛЕД светилки како и  нивно одржување во наредните шест и пол  години ќе чини околу 330 илјади евра, средства кои ќе бидат обезбедени по основ на заштеда на електрична енергија благодарение токму на новите лед светилки, што значи дека ниту ниту општината, ниту  граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци по тој основ.

Обврската за граѓаните по основ на улично осветлување и понатаму останува иста, а осветлувањето ќе биде поквалитетно.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Трето прскање против комарци

komarec

Се известуваат сите граѓани од Југоисточниот плански регион дека третото прскање против возрасни комарци ќе се изврши на 19 и 20 Август 2020 година, со следниот распоред:

  1. На 19.08.2020 година (среда), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Конче, Радовиш, Струмица, Босилово, Василево и Ново Село;
  2. На 20.08.2020 година (четврток), во период од 19.00 до 02.00 часот во општините Валандово, Богданци, Дојран и Гевгелија.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот период.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Асфалтирана улица во с. Владевци

Vladevci,8

Во населеното место Владевци, асфалтирана е улица, која како што објави градоначалникот на општина Василево на официјалната ФБ страна на општина Василево, улицата е изградена во соработка со граѓаните кои живеат на оваа улица.

„Градиме по план, програма и приоритети и секогаш во соработка со граѓаните“, напиша градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој упати голема благодарност до граѓаните  кои живеат на оваа улица, за како што рече нивната ангажираност да се реализира улицата.

 Vladevci, 4

Vladevci, 6

Vladevci, 7

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Во Василево ќе се одржи крводарителска акција

krvodaritelska

На 12.08.2020 година (среда), ОО на Црвен крст Струмица во соработка со Службата за трансфузиона медицина и поддршка на општина Василево,  организира  акција на доброволно дарување на крв.

Акцијата ќе се одржи во просториите на ООУ „Гоце Делчев“, Василево во периодот од 09,00 до 14,00 часот.

Акцијата ќе се спроведува во согласност со протоколите  за Ковид-19 и е сосема  безбедна за сите учесници.

Упатуваме апел до сите граѓани на општина Василево, да бидат хумани, да се вклучат во акцијата и притоа да се придржуваат до препораките за заштита од Ковид-19.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пожар на депонијата Шапкар, кај с. Добрашинци

Deponija, pozar

Голем пожар избувна на депонијата Шапкар кај селото  Добрашинци  на која се депонира комуналниот отпад од општините Струмица и Василево.

Градоначалникот на општина Василево Јанев кој се наоѓа на  лице место, информира дека пожарот зафатил поголема површина, а силниот ветар го проширува кон површините на АД Струмичко Поле и населеното место Доброшинци.

Во гаснењето на пожарот учествуваат екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица и механизацијата на АД Струмичко Поле.

Упатуваме апел до граѓанитекои имаат потреба од движење во овој реон, да бидат крајно внимателни бидејќи поради густиот чад попречено е нормалното одвивање на сообраќајот.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Советот на општина Василево ја одржа 34-та седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа 34-та редовна седница на која беа разгледани и донесени повеќе одлуки, решенија, извештаи, планови и други акти од делокругот на активностите и надлежностите на локалната самоуправа.

Советниците ги усвоија извештаите за работа на општина Василево за првиот и вториот квартал од годината односно Квартален извештај за извршување на Буџетот (К-1), Квартален извештај  за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и Квартален извештај за промените на состојбата на задолжувањето (К-3) за периодот од 01.01.2020 до 31.03.2020 и за периодот од 01.01.2020 до 30.06.2020. Според образложението дадено од административниот службеник од одделението за финансии во општина Василево,  Соња Иванова, на крајот од првиот  пресметковен период (01.01.2020 до 31.03.2020), реализацијата кај консолидираниот Буџет  (Буџетот кој ги вклучува и единките корисници односно основните општински училишта и детската градинка) реализацијата е 18%, а кај основниот Буџет на општината реализацијата е 15%. Реализацијата кај блок дотациите е 23%, кај самофинансирачките 13% , а кај донациите 44%. Во делот на кредити општината има обврска по основ на доспеана рата која изнесува 1 678 123 денари и каматата од 760 денари.

Што се однесува до вториот пресметковен период, 01.01.2020 до 30.06.2020, реализацијата кај консолидираниот  буџет е 36%, а кај основниот,  (Буџетот на општина Василево без Буџетите на единките корисници),  реализацијата е 27%. Кај блок дотациите реализацијата е 49%, кај самофинансирачките 22% , а кај донациите 94%. Во делот на кредити состојбата е иста како и во првиот пресметковен период, односно останува обврската за плаќање на една доспеана рата чиј износ е  1 678 123 денари и каматата од 760 денари.

На седницата беа усвоени и годишните планови за вработување за 2021 година на општина Василево, на ЈПКД „Турија“, Василево  и на ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала. Дел од обемниот дневен ред на денешната седница беа и Годишниот извештај за работа на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Завршната сметка за 2019 година на ООУ „Атанас Нивичански“ и Извештајот за работата и годишната сметка на ЈПКД „Турија“, Василево за 2019  година, кои го добија потребното мнозинство. Советниците ја прифатија и иницијативата за воспоставување меѓуопштинска соработка за решавање на проблемот со бездомните животни на ниво на регион.

Позитивно мислење добија и Предлог-одлуките за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти на К.П бр. 555 во КО Нова Маала.

Со одлука на Советот, ЈПКД „Турија Василево ги доби во сопственост возилото за собирање и транспорт на смет кое неодамна општина Василево го обезбеди и системот за фекална канализација и прочистителната станица во с. Едрениково. Како дополнување на денешниот дневен ред беа Предлог-одлуката за доставување на предлог-проект за изработка на техничка документација „Основен проект за изградба на затворен базент“ и Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМакедонија на подрачјето на општина Василево за 2020 година. И овие два предлози го добија потребното мнозинство.

 На денешната редовна 34-та седница, позитивно мислење добија и неколку барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица.

DSC_0222_1280x851

DSC_0215_1280x851

DSC_0218_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Изгаснат пожарот кај Ташли Баир, општина Василево

pozar 2

Денес во раните утрински часови екипите на ТППЕ Струмица успеаја да го изгаснат пожарот што вчера избувна во атарот на населеното место Едрениково и набрзо се прошири кон соседното Владевци и регионалниот пат Струмица-Радовиш, опожарувајќи го целиот простор. Гореше сувата трева и нискостеблестата шума што се најде на патот на огнените јазици.

Доцна синоќа преку својот фејзбук профил се огласи градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој цело време беше на терен заедно со екипите на ТППЕ Струмица кои со часови се обидуваа да го стават под контрола пожарот, кој поради високите температури и сувата вегетација брзо се ширеше.

Меѓу другото  градоначалникот Јанев порача дека ќе инсистира на целосно расчистување на случајот и соодветни санкции.

„Штетите од несовесното однесување на поединци ќе ги трпиме сите. Јавната осуда за овој чин не е доволна и затоа ќе инсистирам на целосно расчистување на случајот и соодветна казна за сторителите. Апелирам до сите да се однесуваат крајно одговорно, бидејќи последиците можат да бидат несогледливи не само по имотите на граѓаните туку да бидат загрозени и човечки животи, нешто што никој од нас не сака да се случи“, објави на својот ФБ профил градоначалникот Јанев.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail

Пожар кај Ташли Баир, во близина на село Едрениково

naslov

Денес, во атарот на населеното место Едрениково во близина на Ташли Баир и филтер станицата за вода за регионалниот водовод Василево, Ангелци Градашорци, избувна пожар кој брзо се прошири кон соседното село Владевци. Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој цело време беше присутен на лице место, упати апел до граѓаните за крајно внимателно и одговорно однесување но и најави дека ќе бара целосно расчистување на случајот и соодветна казна за предизвикувачот.

„Денес во попладневните часови , кај Ташли Баир, во близина на населеното место Едрениково на неколку места избувна пожар, кој и покрај напорите на противпожарните екипи кои цело време се на терен сеуште не е ставен под контрола и е раширен кон атарот на Владевци. Гори сувата трева и нискостеблестата шума над населеното место Владевци кон атарот на Струмичко Поле. Пред извесно време огнот беше префрлен кај магистралниот патен правец Струмица – Радовиш во непосредна близина на населеното место Владевци, па за регулирње на сообраќајот беше вклучена и полицијата. Во овој специфичен момент како градоначалник на општина Василево кој цело време е заедно со ТППЕ Струмица, единствено ќе кажам дека штетите од несовесното однесување на поединци ќе ги трпиме сите. Јавната осуда за овој чин не е доволна и затоа ќе инсистирам на целосно расчистување на случајот и соодветна казна за сторителите. Апелирам до сите да се однесуваат крајно одговорно, бидејќи последиците можат да бидат несогледливи не само по имотите на граѓаните туку да бидат загрозени и човечки животи, нешто што никој од нас не сака да се случи“, порача градоначалникот на општина Василево, Марјан  Јанев.

pozar 1

pozar 2

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail