Новости

Јавен повик за еднократна парична помош за прваче запишано во основно училиште на територијата на општина Василево

LOGO, Opstina Vasilevo

Oпштина Василево објавува Јавен повик за еднократна парична помош на семејства кои имаат запишано прваче во основно училиште на територијата на општина Василево. Висината на паричната помош изнесува 2 500 денари за прваче. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Василево. Документите потребни за аплицирање се во прилог и истите треба да се достават до…

Continue reading

Oпштина Василево за првпат обезбеди парична помош од 2500 денари за секое прваче

VVV

Општина Василево, годнава за прв пат, обезбеди финасиски средства за секое прваче од Општината.  Средствата во износ од 2 500 денари ќе им бидат исплатени на трансакциска сметка на еден од родителите на првачето, по претходно доставено Барање до општината  комплетирано со неоходните документи, односно: Важечка лична карта на еден од родителите за увид, Извод…

Continue reading

Финишира изградбата на детскиот забавен парк во с.Владевци

DSC_0937_1024x681

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов направи увид во тековните активности на изградбата на детскиот забавен парк во населеното место Владевци. Паркот е поставен на влезот од старо Владевци, веднаш до кошаркарското игралиште. Детските реквизите се поставени, а тековно ангажираните работници ги изведуваат финалните активности на подлогата. „Ова беше едно од моите предизборни ветувања, и…

Continue reading

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов на богослужба во село Чанаклија

DSC_0910_1024x681

Градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, денес беше во населеното место Чанаклија, во црквата Св. Наум, каде присуствуваше на  Богослужба посветена на Св. Пантелејмон- закрилникот на ова населено место. Според кажувањето на жителите од ова населено место, пред педесет и кусур години, кога сеуште жетвата се изведувала рачно и секој двор бил полн со житни…

Continue reading

Трето прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

komarec,2

Се известуваат граѓаните на општина Василево дека согласно направениот план за активности на Југоисточниот плански регион ќе се изврши трето прскање против комарци и тоа: – на 09.08.2023 година (среда) со почеток во 18,00 часот ќе се изврши прскање против возрасни комарци и – на 10.08.2023 година (четврток) со почеток во 10,00 часот, ќe се…

Continue reading

СООПШТЕНИЕ за прекин на водоснабдувањето во населените места Ангелци и Градашорци

bez-voda-252842

ЈПКД „Турија“, Василево ги известува жителите на населените места Ангелци и Градашорци дека  поради намален дотур на вода во филтер станицата Ташли Баир и екстремно зголемената потрошувачка, денес, 04.08.2023 година во периодот од 13,00 до 18,00 часот овие населени места ќе останат без вода. Од ЈПКД „Турија“ Василево упатуваат  апел до сите водокорисници за рационално…

Continue reading

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, на камен-темелник на Специјалната болница за гинекологија и акушерство

DSC_0851_1024x681

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес на покана на д-р Никола Маџунков,сопственикот на Мартини поликлиника,  беше на ставање камен-темелник на Специјалната  болница за гинекологија и акушерство, чија официјална изградба стартуваше денес. Поликлиниката се гради на територијата на општина Василево, од левата страна на почетокот од локалниот  пат кој води кон населеното место Добрашинци. Градоначалникот…

Continue reading

На 28-та седница, Советниците од општина Василево кажаа НЕ за рудникот Иловица

2

Советот на општина Василево ја одржа 28-та Седница чиј дневен ред беше дополнет со три нови предлози меѓу кои и Дали советниците во Советот на општина Василево се против отварање на рудникот за бакар и злато во Иловица.  По образложението дадено од предлагачот, советникот Ване Андонов од ВМРО ДПМНЕ, советниците  донесоа едногласна одлука со која…

Continue reading

Во населеното место Василево активно се работи на три проекти

DSC_0810_1024x681

Локалната самоуправа Василево, деновиве во населеното место Василево активно  работи на трите тековни проекти: Реконструкција на Домот на културата, Изградба на крак од фекална канализација и изградба односно целосна реконструкција на спортското игралиште  на  ООУ „Гоце Делчев“. Тековно на Домот на културата се одвиваат завршните работи на неговата надворешност, односно финализирање на активностите за обнова…

Continue reading

Во Градашорци се асфалтира на четири локации

DSC_0757_1024x681

Денес, општина Василево, во населеното место Градашорци асфалтира на четири локации или вкупно 912 м2 асфалт на трите улици и реконструкцијата пред еден од мостовите. Улиците се на различни локации и со должина од 116, 95 и 30 метри и ширина од по околу 3,5 метри. Нивната изградба е планирана со Програмата за изградба, реконструкција…

Continue reading