Новости

Прва ларвицидна дезинсекција против комарци во Југоисточниот регион

prskawe-komarci-1

Почитувани, Ве известуваме дека  на 12 и 13 Јули 2022 година, во периодот помеѓу 09 – 16 часот ќе се изврши теристичка (по земја) апликација на средство за уништување на ларви од комарци во општините од Југоисточниот регион согласно следниот распоред: На 12.07.2022 (Вторник), во општините Валандово, Дојран, Гевгелија, Богданци, Радовиш и Конче; На 13.07.2022 (Среда),…

Continue reading

Советот на општина Василево ги донесе урбанистичките планови за Владевци, Ангелци и Градашорци

8

Вчера,  Советот на општина Василево, на седница, ги усвои Урбанистичките планови за населените места Владиевци, Ангелци и Градашорци, сите за периодот 2018-2028 г. Површината опфатена во планскиот опфат за с. Владевци изнесува 38,85 ха, за с. Ангелци, 40,67 ха и за с. Градашорци 103,49 ха. Образложение даде градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој нагласи дека…

Continue reading

Во Нова Маала се гради повеќенаменски објект

DSC_0582_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес во населеното место Нова Маала, присуствуваше на бетонирањето на повеќенаменскиот објект кој се гради во партнерство со Турската владина агенција ТИКА. Просторот на кој се гради е лоциран веднаш наспроти џамијата. На површина од околу 410 м2 ќе бидат поставени различни  реквизити кои на граѓаните од ова населено…

Continue reading

ЈПКД “Турија“ ги расчистува патиштата низ населените места во општината

2

Општина Василево во соработка со ЈПКД „Турија“ деновиве интензивно спроведува активности на расчистување на локалните патишта и улици  од наносите предизвикани од невремето што ја зафати општината во изминатиот период. Според информацијата добиена од градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, со механизација извршено е отстранување на наносите од песок и вегетација од локалните патишта во…

Continue reading

Продолжуваат активностите на улицата во т.н Ничевска маала, с. Василево – се поставува атмосферска канализација

DSC_0541_1024x681

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, денес направи  увид во градежните активности на улицата во т.н Ничевска маала во с. Василево, каде продолжуваат активностите со поставување на атмосферска канализација. Ова е всушност дел од улицата која води од црквата  Пресвета Богордица до ООУ „Гоце Делчев“ во с. Василево, чија вкупна должина изнесува 720 метри, а…

Continue reading

Дневен ред за 11-та седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 07.07.2022 година (четврток), со почеток во 13,00 часот, во просториите на спортската сала при ООУ„Гоце Делчев“, Василево,  Советот на општина Василево  ќе ја одржи редовната единаесетта седница. За работа на седницата предложен е следниот дневен ред: Предлог-одлука за утврдување на приоритет на проект за реконструкција на улица во с. Василево Донесување на одлука по…

Continue reading

Започна изградбата на парк во с. Чанаклија

DSC_0454_1024x681

Денес, во населеното место Чанаклија, општина Василево во соработка  со Мрежата за рурален развој на Република Северна Македонија, со партнерите ЛАГ Беласица – Огражден, ЈПКД „Турија“, Василево  и Гарден центар Ристови, започна со изградба на парк. Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов направи увид во стартот на активностите на терен, каде ЈПКД „Турија, со механизација…

Continue reading

Нормализирано снабдувањето со вода во општина Василево

images

Од ЈПКД „Турија“,  Василево информираат дека е нормализирано снабдувањето со вода на жителите кои  користат вода  од Регионалниот водовод, Василево, Ангелци, Градашорци. Дефектот на главниот цевковод од  Брана Турија, кој беше причина за прекинот  во водоснабдувањето е саниран.

Известување од ЈПКД „Турија“, Василево за дефект на главниот цевковод од Брана „Турија“

images

Од ЈПКД „Турија, Василево, ги известуваат жителите на општина Василево, кои со вода се снабдуваат од Регионалниот водовод Василево, Ангелци, Градашорци,   дека поради дефект на главниот цевковод од Брана Турија, во текот на денот ќе дојде до прекин на водоснабдувањето. Снабдувањето со вода ќе се нормализира по санирањето на дефектот, на  што интензивно се работи.

Известување за прскање против комарци во Југоисточниот регион

prskawe-komarci-1

Општина Василево, како една од општините во Југоисточниот плански регион, каде прскањето против комарци се врши во организација на Центарот за развој на Југоисточниот регион, информира дека согласно информацијата објавена на веб страната на ЦРЈИПР, https://southeast.mk/, прскањето против комарци ќе започне на 14.06.2022 година. Во продолжение е линкот од Известувањето за прскање против комарци во…

Continue reading