Се чистат гробиштата во с.Василево

naslov

На барање на Црковниот одбор од црквата Св. Пресвета Богородица од с. Василево, ЈПКД „Турија“ Василево во соработка и поддршка со  локалната самоуправа  ги чисти селските православни гробишта.  Рачно и со механизација се отстранува сметот, кој граѓаните  го оставаат по себе после верските обреди, а кучињата дополнително го разнесуваат. За грдата слика на гробиштата сведочеше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој присуствуваше на акцијата на расчистување на сметот и уредување на околниот простор.

Од ЈПКД „Турија“, апелираат на поодговорно  однесување на граѓаните и задолжително собирање на  сметот после верските обреди и негово депонирање на соодветното место.  Одговорноста и грижата за животната средина треба да биде подеднаква обврска за сите граѓани на општината.

На иницијатива  на градоначалникот Андонов,  комуналното претпријатие ја чистеше и главната, влезна улица во населеното место Василево. Од тротоарите и коловозната лента се отстрануваа паднатите лисја од околните дрвја- активност која со оглед на годишното време  ќе биде спроведувана повеќекратно.

111111

DSC_0352_1024x681

DSC_0356_1024x681

DSC_0353_1024x681

DSC_0359_1024x681

DSC_0360_1024x681

DSC_0370_1024x681

DSC_0336_1024x681

DSC_0338_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail