Средба на градоначалникот Андонов со претставници на ЛАГ Беласица Огражден и Програмата на USAID North Macedonia за развој на заедницата

DSC_0460_1024x681

Денес, претставници од ЛАГ Беласица -Огражден и   Програмата на USAID North Macedonia за развој на заедницата остварија средба со градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, на која градоначалникот беше запознаен со можностите што ги нуди Програмата.

Разговарано е за можностите за соработка во рамки на Програмата за развој на заедницата,    можностите што ги нуди за вклученост на сите локални чинители и очекуваните резултати во форма на подобар живот за населението и поголем развој на регионот.

Општина Василево е една од општините во кои ќе биде имплементирана  Програмата за развој на заедницата, а со тоа и искористени можностите кои таа ги нуди за унапредување на рамномерен економски развој во регионот.

DSC_0458_1024x681

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail