Градоначалникот на општина Василево, побара асистенција од хеликоптер за гаснење на пожарот над Требичино

pozar, naslov,3

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, заради  гаснењето на пожарот над населеното место Требичино, официјално, со службен допис до РЦУК –  Струмица  побара асистенција од хеликоптер за негово гаснење.

Како што стои во Барањето, пожарот е на непристапен терен поради што се исклучени другите форми на интервенција а дополнително постои и опасност од негово проширување кон населеното место.

Градоначалникот Андонов во контунитет, на терен ја следи состојбата, и очекува со навремена интервенција истиот да боде локализиран.

20220726_174945_1024x576 20220726_175016_1024x576 20220726_175019_1024x576 20220726_175059_1024x576

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail