АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ – ЗАБРАНЕТО ПАЛЕЊЕ ОГАН НА ОТВОРЕНО

позар, 1

Почитувани сограѓани!

Со цел поголема заштита и заедничко превентивно делување од пожари,
Општина Василево  и Општинскиот штаб за заштита и спасување во соработка со надлежните институции ги потсетуваат граѓаните дека е ЗАБРАНЕТО ПАЛЕЊЕ ОГАН НА ОТВОРЕНО, односно палење на стрништа, на растителни отпадоци, треви и друг запаллив материјал на отворен простор.

Согласно соодветните закони ( Закон за заштита и спасување, Закон за земјоделско земјиште, Закон за пожарникарство) казната за непочитување на оваа  ЗАБРАНА изнесува од 500 –  5000 евра плус надомест за интервенцијата на сите вклучени страни.

Затоа,
Да ги заштитиме нашата животна средина, животинскиот и растителен свет!
Не палете оган во шуми и друг отворен простор!
Да ги заштитиме нашите населени места, да ја заштитетменашата општина.
Во случај  на пожар пријавете на телефонските броеви 195, 112 или 193.

 

Општина Василево
Штаб за заштита и спасување
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail