Во Радичево започна да се гради улицата кон црквата „Св. Илија“

DSC_0087_1024x681

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, во населеното место Радичево, направи  увид во стартот на градежните активности на улицата која води кон црквата „Св. Илија“.

Улицата се гради во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион (ЦРЈИПР), кои го обезбедија Буџетот за реализација на овој проект и согласно Законот за Јавни набавки ја спроведоа постапката за избор на компанија изведувач на градежните активности на терен.

Должината на оваа улица која претставува поврзување на црквата и гробиштата со постојната главна улица, изнесува 327 метри, ширината е 3 метри или околу 990 м2 асфалт.  Одводнувањето, според информација од изведувачот ќе биде решено со риголи со што ќе се заштити асфалтот како и околните површини од неконтролираното излевање на водата во случај на обиолни врнежи.

Вкупниот Буџет согласно Договорт со изведувачот изнесува 2 196 616 денари.

Рокот за комплетна изградба на улицата изнесува 6 месеци.

Изведувач на работите на терен е градежната компанија  Бони интерградба.

DSC_0066_1024x681 DSC_0070_1024x681 DSC_0073_1024x681 DSC_0075_1024x681 DSC_0077_1024x681 DSC_0083_1024x681 DSC_0090_1024x681 DSC_0096_1024x681 DSC_0099_1024x681

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail