Дајанчо Ефтимов избран за претседавач со Советот на општина Василево

DSCN5793

Дајанчо Ефтимов советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ на денешната редовна 23-та Седницаа избран е за нов Претседавач со Советот на општина Василево. Ефтимов доаѓа на местото на Илчо Колев кој на 24.01.2015 година ненадејно почина.
Инаку, на Ефтимов ова му е втор мандат како член на Советот на општина Василево.

DSCN5792
На денешната Седница беше пополнето и испразнетото советничко место, кое го зазеде Иван Ристов како следен од советничката листа на Коализијата За подобра Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ.

DSCN5764
Во продолжение на Седницата Советниците ги усвоија сите предлози од дневниот ред.
Со изгласување на Предлогот за воспоставување Меѓуопштинска соработка меѓу општините Василево и Босилово, Советниците дадоа зеленоа светло за отварање клон на детската градинка „Прва радост“- Василево во с. Моноспитово, општина Босилово. Според усвоениот предлог општина Босилово учествува со сопствена зграда во с. Моноспитово и финансиски средства неопходни за функционирање обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.

DSCN5770

На истата Седница беа усвоени и Полугодишните извештаи за работата на двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ – Василево и „Атанас Нивичански“ – Нова Маала, кои беа презентирани од директорките на овие институции, Емилија Котева и Соња Ничева.

DSCN5799

DSCN5802
Усвоени беа и Годишниот извештај за работата на Центарот за развиј на Југоисточниот плански регион, Програмата за управување со отпад за 2015 година, Локалниот акциски план за социо-економско вклучување на неформалните собирачи на отпад и Одлуката за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2015 година. На оваа седница прифатена е и оставката на досегашниот претседател на УО на ЈПКД „Турија“ Василево, Димче Митев а на негово место именуван е Ило Иванов од с. Пиперево. Советниците го усвоија и Елаборатот за процена на штета од елементарна непогода што ја зафати општина Василево во деновите 26.01 до 03.02 2015 година, кој се однесува на штетите предизвикани на локалната инфраструктура. Истиот ќе биде доставен до Републичката комисија за процена на штети од елементарни непогоди, Владата на РМ, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство при Собранието на РМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, од каде и ќе се очекува средства за реконструкција и обнова на оштетената инфраструктура.

DSCN5771

DSCN5786

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail