Турскиот амбасадор ја посети општина Василево

DSCN6118

Денес, Н.Е амбасадорот на Р.Турција во Р.Македонија г-дин Омур Шолендил, заедно со координаторот на ТИКА г-дин Теоман Тирјаки, и аташето за верски работи при амбасадата на Р.Турција, г-дин Сејфетин Ерсој, имаа средба со градоначалнбикот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов. Заедно го посетија населеното место Висока Маала, каде остварија средба со населените од ова населено место во кое живее исклучиво турско население.

DSCN6130
Во изјавата за медиумите, амбасадорот Шолендил изјави дека денешната посета на општина Василево и на населеното место Висока Маала е во рамки на посетата што ја имаат на повеќе општините од Источна Македонија, со цл да се сретнат со своите браќа во Македонија, при што ги нагласи пријателските односи на двете држави, Македонија и Турција кои сакаат да ги подигнат на повисоко ниво.
Изјава за медиумите даде и координаторот на ТИКА г-дин Теоман Тирјаки, кој ја нагласи традиционално добрата соработка што ја имаат ТИКА и општина Василево, која набргу ќе резултира со изградбата на нова училишна зграда за учениците од ова населено место.
Благодарност до Амбасадорот за укажаната чест и до ТИКА упати градоначалникот Стојанов, кој вети дека по изградбата на новата училишна зграда, просториите во кои се одвива наставата ќе ги реконструира и оспособи за други намени, со што жителите од Висока Маала ќе можат содржински да го збогатат своето секојдневие.
Жителите на Висока Маала кои присуствуваа на средбата ги запознаа високите гости со своето секојдневие, потребите и отворени прашања, како што е прашањето на подобрување на водоснабдувањето, изградба на игралиште, асфалтирање на селските улици, при што побараа помош за нивно решавање.

DSCN6112

DSCN6144

DSCN6141

DSCN6137

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail