Започнува Велигденскиот турнир во мал фудбал

Picture 618

Вечерва, 08.04.2015 год. со почеток во 18,00 часот со натпревар меѓу екипите на Вами пром и Вагленаро Гоце гостилница, во Василево започнува традиционалниот Велигденски турнир во мал фудбал.
За учество на турнирот се имаат пријавено вкупно десет екипи. Според синоќешната шдребка во А групата се: Вами пром – Василево, Илес пром – Добрашинци, Пицерија Роми – Василево, вагленаро Гоце гостилница и во Б групата: Иго транс – Сушево, Џокер Ол – Василево, Геоплан компани – Градошорци, Едрениково од Едрениково и Дело транс –Ангелци.
Натпреварите на Велигденскиот турнир во мал фудбал традиционално се играат на отвореното училишно игралиште во Василево, но според информација од организаторот, местото на одржување на годинешниот турнир ќе зависи од временските услови, па доколку вечерва врне дожд, натпреварите ќе се одиграат во спортската сала во Василево.
Финалните натпревари ќе се одиграат во понеделник, 13.04. 2015 година со почеток во 20,00 часот.
Организатор и главен покровител на турнирот е општина Василево.

Picture 623

DSCN6156

DSCN6154

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail