Ученици-спортисти на прием кај градоначалникот Стојанов

DSCN6202

Денес, гости на градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов му беа учениците-одбојкари односно основците од општината, кои во во рамки на натпреварите од училишната спортска лига беа најдобри и заслужено без ниту еден пораз го освоија првото место во Источниот регион.
Државниот натпревар во одбојка и Олимпијадата, кои ќе се одржат во Скопје во средината на наредниот месец, се следниот предизвик со кој ќе се соочат и како што изјави нивниот ментор Алма Хасанова, ќе дадат се од себе за да се вратат со медал.

DSCN6181

DSCN6174

„Континиураните вложувања во спортската инфраструктура како и вложувањата во формирањето на училишните лиги веќе вродија со плод“ изјави градоначалникот Стојанов, горд на успесите на овие ученици спортисти, кои како што нагласи секогаш ја имаат неговата поддршка и поддршката на локалната самоуправа. Стојанов, посакувајќи им успеси во спортот и секако во образованието, во знак на поддршка им подари дресови и одбојкарска топка.

DSCN6202
Честитки за постигнатите резултати добија и од директорот на Агенцијата за млади и спорт г-динот Марјан Спасески кој, по повод денешното свечено пуштање во употреба на повеќенаменското игралиште во с. Седларци беше гостин во кабинетот на градоначалникот Стојанов.

DSCN6196

DSCN6198

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail