„Лито Транс“ победници на Велигденскиот турнир во Василево

0

Екипата „Лито Транс“ од Василево се победници на годинашниот Велигденски турнир во мал фудбал „Василево 2015“, кој заврши синоќа.
На второто место е екипата „Вами Пром“, трета е „Пицерија Роми“, а како четврта се пласира екипата „Иго Транс“.
На турнирот беа прогласени и најдобрите поединци.
За најдобар играч на турнирот прогласен е Ставре Петров, за најдобар стрелец – Мите Митров, додека титулата најдобар голман му припадна на Горан Ѓоргиев.
На годинашниот традиционален Велигденски турнир, кој се одржува под покровителство на Општина Василево, се пријавија десет екипи, а турнирот се одруваше од 8-ми до 13-ти април.

8

1

7

6

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail