Сречко е најбрзиот коњ на „Ѓурѓовденските трки“ во Василево

trki

Осма година по ред, во Василево се одржаа Ѓурѓовденските коњски трки. Годинава во организација на Панче Митев, синот на Добре Митев, на чија иницијатива, а под покровителство на општина Василево, започна да се организираа овој веќе традиционален настан.
Дваесетина јавачи од Василево и околните општини, во присуство на голем број љубители, се натпреваруваа на патеката која од реката води кон фудбалското игралиште во Василево.
Најуспешен беше Џоко Цветков од Василево кој со својот коњ Сречко го освои првото место и наградата од 12 000 денари. Второпласиран е Сулејман Дурмишев од Иловица со коњот Чако, кој доби 8.000 денари, а трет Роберт Ефтимов со неговиот коњ Блажо и парична награда од 5.000 денари.
И годинава, како и минатата година, како атракција беа двете „коњските коли“ на две тркала, во духот на коњаницата на Александар Македонски, кои на отворањето, продефилираа од центарот на Василево до стадионот „Цар Самуил“.
Со овој традиционален обичај се одбележа празникот Ѓурѓовден, со надеж на поголема плодност низ Струмичкото поле.

konjski_trki1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail