Coca-Cola фудбалски куп во Василево

DSCN7274

Синоќа, во спортската сала во Василево, во организација на Пивара АД Скопје, Coca-Cola компанијата, организацијата Отворени забавни фудбалски школи и домаќинот, локалната самоуправа од Василево се одигра спортски натпревар од Coca-Cola фудбалскиот куп. Триесетина момчиња и девојчиња- основци од општината на теренот преку спортска игра практично ја промовираа спортската и физичката активност кај младите како правилен начин за одржување на здрав баланс на енергија во текот на целиот живот. Проектот преку одлична комбинација на спорт, забава и дружење го промовира здравиот начин на живот.Домаќин на настанот беше градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов, познат по постојаната поддршка на младите во сите нивни активности и посебно поддршката и вложувањата во спортот и спортската инфраструктура во општина Василево. Градоначалникот Стојанов на сите учесници им подари спортски маици.

DSCN7258

DSCN7271

DSCN7289

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail