ООУ„Гоце Делчев“ Василево – со најмногу медаљи на Олимпијадата за основци

DSCN7393

Учениците – спортисти, одбојкари и атлетичари од ООУ„Гоце Делчев“ Василево, заедно со својот ментор, наставничката по спорт и физичко образование Алма Хасанова, беа гости во кабинетот на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов. Повод беа постигнатите резултати и наградите на неодамна завршените Државни спортски игри за основни ушилишта, односно државната Олимпијада, што се одржа во Скопје, каде одбојкарите го освоија третото место и се закитија со бронзен медал, додека атлетичарите во штафета 4х100 метри освоија второ место и сребрен медал во машка конкуренција, а девојчињата трето место и бронзен медал.
„Од самиот почеток успеавме да се пласираме на државно првенство каде се изборивме меѓу шесте најдобри екипи во Република Македонија, благодарение на што обезбедивме пласман и на Олимписките игри 2015 година, изјави менторот Алма Хасанова, која додаде дека според информациите во спортскиот билтен од Олимпијадата, училиштетпо „Гоце Делчев“ од Василево било училиште кое на овие натпреварувања освоило најмногу освоени медаљи.

Градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо стојанов е задоволен од постигнатите резултати за кои смета дека се должат пред се на континуираната работа на учениците со нивните ментори, но и на постојаната подрршка што тие ја добиваат од локалната самоуправа, како и перманентните вложувања во развојот на спортот и спортската инфраструктура како на локално ниво така и во училиштата.
„Вложувањето на општината во изминатиот период во спортот, во младите генерации, во инфраструктурните објекти за спортување, вродија со плод. Веќе имаме резултат; деца кои спортуваат и јас се надевам дека во иднина тие ќе ја претставуваат општина Василево на повисоки нивоа и ќе бидат натпреварувачи во Првата македонска одбојкарска лига. Вложувањата во спортот ќе продолжат и во иднина, изјави градоначалникот Стојанов на денешниот прием на учениците спортисти. Учениците од градоначалникот добија спортски маици, а во знак на благодарност за поддршката што ја имаат на градоначалникот му подарија медаља.

2

3

1

DSCN7364

DSCN7368

DSCN7369

DSCN7393

DSCN7379

DSCN7398

DSCN7360

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail