Во недела започнува Курбан – Бајрамскиот турнир во мал фудбал

turnir

Во недела, 20.09.2015 година, со почеток во 18,00 часот, во организација на невладината Али беј од Градошорци и под покровителство на општина Василево започнува Курбан – Бајрамскиот турнир во мал фудбал. Натпреварите ќе се играат на повеќенаменското игралиште во Ангелци.
Според информацијата од г-дин Билент Исинов, претставник од организаторот, за учество на турнирот пријавени се вкупно 10 екипи како од населените места на општина Василево така и од соседните општини каде што има турско население. Карактеристика на овој турнир е што учесниците се исклучиво од Турска националност.
Организаторот и покровителот за најдобрите екипи и поединци имаат обезбедено парични награди и дресови.
Турнирот треба да заврши во среда на 23.09. 2015 година, ден спроти големиот Муслимански празник Курбан Бајрам.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail