Градинката „Прва радост“ ја одбележа неделата на детето

DSC_0033

Детската градинка „Прва радост“ од Василево со приредба подготвена од дечињата од големата група ја одбележа неделата на детето. Присутните ги поздрави директорката на градинката г-ѓа Даниела Трајковска. Во духот на неделата која се одбележува, со пораки до возрасните кои се однесуваат на детските права, дечињата го „накитија“дрвото кое го краси ѕидот на нивната училница.
Приредбата ја проследи и градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој за дечињата имаше подарок изненадување. Сите дечиња добија симпатични престилки со името на градинката, кои се посебно  корисни при изведување на секојдневните креативни активности.

DSC_0063

DSC_0010

DSC_0021

DSC_0032

DSC_0033

DSC_0036

DSC_0038

DSC_0041

DSC_0047

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail