Во Василево, Новогодишно-Божиќен турнир во мал фудбал по шести пат

turnir, plakat

Под покровителство на општина Василево и организација на Советот на млади на општина Василево, годинава, по шести пат ќе се одржи Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал.
Пријавувањето за учество е во тек и ќе трае до вторник, 15.12. 2015 година, до 18,00 часот, по што ќе биде извршено ждребувањето и утврдувањето на паровите за игра.
Согласно правилата за игра на турнирот, екипите треба да бројат од шест до максимум десет играчи од кои најмногу двајца може да се професионални фудбалери (фудбалери во Прва МФЛ и Прва Фитсал лига, вклучително и репрезентативци и играчи во странство). По завршување на групите може да се допише уште најмногу еден професионалец како џокер. Котизацијата за учество е 5 000 денари.
Наградниот фонд изнесува 200 000 денари.
Турнирот започнува на 16 декември – денот на општина Василево. Натпреварите ќе се играат во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево.
Заинтересираните за учество, дополнителни информации може да добијат кај организаторот на телефонските броеви: 072 273 091 и 072 244 054.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail