Во Василево, успешно спроведена крводарителска акција

DSC_0349

По трет пат оваа година, во Василево, Црвениот крст на Македонија и Заводот за трансфузициона медицина, Струмица, во соработка со локалната самоуправа Василево, успешно реализираа доброволна крводарителска акција.
Вкупно собраните 30 кеси се потврда за хуманоста на граѓаните на општина Василево кои и овој пат позитивно одговорија на отворениот апел за вклучување во акцијата. „ Карактеристика на сите крводарителски акции е дека во нив учествуваат нашите редовни, повеќекратни дарители но секогаш имаме и нови, такви кои по прв пат даруваат крв и кои се надеваме дека ќе се вклучат и во следните акции покажувајќи ја својата хуманост и подготвеност со својата крв да помогнат во спасувањето на нечиј живот“ – изјави координаторот на денешната акција Александар Ристов.
Доброволните крводарителски акции во општина Василево во изминатите неколку години редовно се организираат и тоа по неколку пати во текот на годината. Според информација од организаторите просечно се собираат околу 30-тина кеси крв по акција, што говори за нивната успешност и е мотив плус за организирање и во иднина.

DSC_0354

DSC_0321

DSC_0325

DSC_0327

DSC_0329

DSC_0342

DSC_0347

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail