Општина Василево распиша тендери за проекти вредни 10 500 000 денари

DSC_0335

Општина Василево деновиве распиша неколку тендери за проекти вредни 10 500 000 денари.  Со средства обезбедени од општинскиот буџет ќе се реализираат следниве проекти: реконструкција на поранешниот Дом на културата во Нова Маала и негова адаптација во спортска сала, асфалтирање на две улици во населеното место Висока Маала како и рамнење и подготовка на терен за изградба на игралиште за улична кошарка во ова населено место  изградба на улица во с. Ангелци и изградба на  повеќенаменско игралиште во с. Добрашинци.

„Пред неколку дена најавивме неколку проекти кои треба да бидат реализирани на територијата на општина Василево.  Денес сме во Нова Маала за да им кажеме на граѓаните дека она што го ветивме и ќе го реализираме. Со сопствени средства во износ од 10,5 милиони денари ќе реализираме неколку проекти. Овде, во населеното место Нова маала, руинираниот Дом на културата ќе биде реконструиран и адаптиран во спортска сала за потребите на учениците и рекреативците од овој крај. Распишана е и набавка за две улици во Висока Маала и една улица во населено место Ангелци, како и набавка за избор на изведувач за порамнување на школксиот двор во н.м Висока Маала каде Агенцијата за млади и спорт ќе гради street bask игралиште за потребите на учениците и граѓаните од ова населено место“, изјави градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов при неговата денешна посета на населеното место Нова Маала. Стојанов исто така информираше дека во тек е и јавната набавка за улица во с. Ангелци и јавна набавка за избор на изведувач за изградба на повеќенаменско игралиште во училишниот двор во с. Доброшинци.

За сите овие активности средствата во висина од 10,5 милиони денари се обезбедени  од општинскиот буџет.

Истовремено, градоначалникот Стојанов за првата половина од 2017 год.  најави и изградбата на улица во Нова Маала како и изградба на дел од локалниот пат Чанаклија -Нова Маала кој воедно ќе биде и улица во Чанаклија, а за кој како што изјави градоначалникот  општината има издвоено 10 000 000 денари.

DSC_0336

DSC_0332

DSC_0340

DSC_0344

DSC_0352

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail