Завршна приредба на дечињата од „Малото славејче“

DSC_0127

Дечињата од големата група од градинката „Малото славејче“ во с. Моноспитово која е клон на градинката „Прва радост“ од Василево ја одржаа својата завршна приредба. Пред своите родители, воспитувачките, директорката и градоначалникот на општина Васисилево, пеејќи ги најубавите песнички се збогуваа од градинката. Во знак на престој во градинката, сеќавање на деновите поминати таму и секако своевидна сатисфакција за успешното завршување на една фаза од нивниот развој, дечињата ги добија своите први дипломи, „Мојата градинка“ кои предизвикаа искрена радост кај сите нив. Сите овие дечиња од септември ќе седнат во училишните клупи каде заедно со своите наставници ќе започнат едно ново поглавје во своите животи и  ќе освојуваат нови хоризонти . Многу успех на тој нов пат, им посакаа нивните воспитувачки и директорката г-ѓа Даниела Трајковска.

DSC_0171

DSC_0118

DSC_0127

DSC_0139

DSC_0146

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail