Турнир во мал фудбал во с. Радичево

105_3818

По повод празникот Илинден, општина Василево го организира традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал „Илинден“  , што се одржува во с. Радичево.

Пријавувањето на екипите е во тек и истото ќе трае до 10.07.2017 година до 20,00 часот, по што по пат на ждребување ќе бидат одредени паровите за игра. За пријавување заинтересираните да го контактираат организаторот на следните телефонски броеви: 077 529 716 и 078 707 080.

Според правилата за учество, екипите треба да бројат од пет до максимум десет играчи. Котизацијата е 3000 денари.

Турнирот ќе започне после 12.07. 2017 година. Натпреварите ќе се играат на училишното игралиште во с. Радичево. За најдобрите обезбедени се награди.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail