Општина Василево го одбележа 19-ти јули

DSC_0066

Општина Василево во соработка со општинските организации на Сојузот на борците од Струмица и Радовиш, го одбележа 19-ти јули – денот на средбата меѓу струмичката и радовишка младина, која се случила во далечната 1941-ва година и на која било договорено нивното идно заедничко револуционерно дејствување.

Пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во селото Радичево, свежо цвеќе положија делегации од општина Василево, Сојузот на борците од Струмица и Сојузот на борците од Радовиш. Реферат за настанот прочита градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов.

„19-ти јули 1941 година е денот кога на половина пат меѓу Струмица и Радовиш, во близина на с. Радичево се случила историската средба меѓу младите од Радовиш и Струмица, средба на која биле поставени основите на идното заедничко револуционерно дејствување.

По речиси 15 километарско пешачење, се сретнале групите од двата града, се споиле  во една при што  настанало меѓусебно запознавање и дружење кое  продолжило и во наредниот период. Настанот во вид на заеднички излет бил проследен со културно забавна програма при што биле рецитирани патриорски и хумористично – сатирични  творби преку  чија содржина се исмевале фашистичките окупаторски сили, рече меѓу гругото градоначалникот Стојанов и порача, оваа спомен плоча нека биде вечен потсетник на настанот од 19-ти јули 1941-ва година кога прогресивната младина од двата града се здружила за заедничка борба се до конечното ослобпдување на нашата земја“

DSC_0062

DSC_0064

DSC_0069

DSC_0070

DSC_0076

DSC_0078

DSC_0081

DSC_0083

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail