Стартуваше воспитната 2017/2018 во детската градинка

DSC_0413

Успешна работа во воспитната 2017/2018 година на детската градинка „Прва радост“ од Василево и клонот „Малото славејче“  во Моноспитово им посакаа градоначалниците на општините Василево, г-дин Ванчо Стојанов и на општина Босилово, г-дин Љупчо Колев, кои денес заедно со директорката г-ѓа Даниела Трајковска беа во посета на градинките.  На дечињата им посакаа многу здравје, другарување и пријатен престој.

Дечињата, оние од големата група, со песнички ги дочекаа гостите. Се разбира имаше и по некоја солза од оние помалите кои за прв пат се во градинка и сеуште  ги немаат  почувствувано убавините на престојот и другарувањето таму.

Според информација од директорката, градинката,  уште на самиот старт  на оваа воспитна година започнува со речиси целосно пополнет капацитет. Во градинката во Василево згрижени се 61 дете а во клонот во Моноспитово – 40 дечиња.

DSC_0415

DSC_0416

DSC_0420

DSC_0423

DSC_0427

DSC_0439

21363607_1665520943490307_930036909_o

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail