Започнува Велигденскиот турнир во мал фудбал

SAM_2866

Денес, со почеток во 16,00 часот ќе започне Велигденскиот турнир во мал фудбал што по повод големиот Христијански празник Велигден, го организира општина Василево. Натпреварите се играат на училишното игралиште на ООУ „Гоце Делчев“ во с. Василево.

Учество ќе земат вкупно 11 екипи од населените места на општина Василево. Денес ќе се одиграат вкупно седум натпревари а можноста први да заиграат и да го отворат турнирот,  по вчерашното ждребање, им припадна на екипите на Енерџи Космос и Дијагонала. За денешниот ден планирани се седум натпревари.

Натпреварите во групи ќе се играат до сабота, четвртфиналните во недела а финалето ќе се одржи во понеделник, вториот ден од Велигден.

Вкупниот награден фонд изнесува 25 000 денари. Награди се обезбедени и за најдобриот  играч, стрелец и голман.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail