Велигденска честитка од градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев

DSC_0770 (Medium)

Почитувани сограѓани, верници од Православна вероисповед

Од мое лично име и од име на општина Василево Ви посакувам среќни Велигденски празници!

Во деновите кога го славиме големиот Христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, кога ја славиме победата на светлината над темнината, на радоста над тагата, победата на вечниот живот преку воскресението, посакувам Божјата светлина да ги исполни Вашите домови.
Да му се  радуваме на животот, да се свртиме едни кон други, да си помагаме и заедно да создаваме.
Радоста на воскресението  нека ги исполни Вашите души со верба и надеж за подобро утре.
Празничните денови нека бидат исполнети со добрина, радост и спокој, нека бидат денови во кои ќе му се посветиме на семејството и најблиските и така сплотени и сложни да му се радуваме на животот.
Почитувани сограѓани во духот на овој ден на радоста и воскресението, Ви посакувам добро здравје, среќа, благосостојба и мирен духовен живот.

Нека ни е честит Велигден
Христос Воскресе – Навистана Воскресе

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail