Одржана деветата седница на Советот на општина Василево

naslov

Советот ги општина Василево  на денешната девета седница ги усвои Извештаите за работата на општина Василево за првиот квартал од тековната година односно за периодот од почетокот на годината до 31.03.2018.

„Со оглед на тоа што се работи за прв квартал а и согласно искуствата од претходните години, реализацијата е во рамки на очекувањата“, рече во образложението дадено на седницата, претставничката од одделението за финансиии во општинската администрација, Соња Иванова образложувајќи ја реализацијата на   Кварталниот извештај за извршување на Буџетот (К-1), Кварталниот извештај за доспеаните а неизмирени обврски (К-2) и Кварталниот извештај за промените на состојбата на задолжувањето  (К-3), сите за периодот 01.01.2018 до 31.03.2018 година.

Реализацијата кај основниот Буџет на општина Василево е 11,83% или од планирани 112 000 000 денари реализирани се 13 243 636 ден. Кај блок дотациите од планирани 64 550 000 ден, реализирани се 15 806 419 ден. или изразено во проценти 24,49%. Кај самофинансирачките активности реализацијата е 12,23% , кај кредите реализацијата е 91,37% односно од 7 700 000 ден, реализирани се 7 035 021 ден. Единствено никаква реализација нема кај донациите каде се планирани средства во висина од 7 700 000 ден.

Кај приходите, во делот на даночните приходи  реализацијата е 17,69% или од планирани 22 260 000 ден. реализирани се 3 935 928 ден. Во категоријата неданочни приходи реализацијата е 9,53 % односно од планирани  1 820 000 ден. реализирани се 173 462 ден. Реализацијата кај капиталните приходи е 6,03% оли од планирани 40 163 952 реализирани се 2 424 011 ден. Во делот на трансфери и донации каде се планирани приходите во износ на 47 756 048 ден. реализацијата е 6 713 235 ден. односно 14,06%. Во расходниот дел, од планираните 112 000 000 ден.  реализацијата е 11,63 % односно изразено во номинална вредност тоа изнесува  13 019 687 ден.

Што се однесува до кварталниот извештај за доспеани а неизмирени обврски  во текот на периодот 01.01.2018 до 31.03.2018 година долгот на општина Василево изнесува 1 215 334 денари.

Во делот на задолжувањата на општината и јавните претпријатија , како што беше образложено на седницата, исплатата на кредитите што ги има општина Василево а тоа се кредитот за изградба на водоводната мрежа во Чанаклија, и кредитот за изградба на улицата во Нова Маала и за реконструкција на улицата во Пиперево се отплаќаат со предвидената динамика.

На оваа седница советниците позитивно одговорија и на неколкуте барања за финансиска помош поднесени од правни и физички лица.

DSC_0030 (Medium)

DSC_0024 (Medium)

DSC_0021 (Medium)

DSC_0017 (Medium)

DSC_0013 (Medium)

DSC_0011 (Medium)

DSC_0009 (Medium)

DSC_0005 (Medium)

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail