Советот на општина Василево ја одржа 13-та седница , Христина Гошева – нов член во Советот на општина Василево

DSC_0480_1024x681

 Денес,  Советот на општина Василево ја одржа редовната 13-та седница на која беа усвоени сите предлози од дневниот ред, кој по дополнувањето направено на самата седница, имаше вкупно десет точки. Седницата започна со Заклучок за престанок на мандатот  на членот на Советот и верификација на мандатот  на друг член.   Од денес нов член во Советот на општина Василево е Христина Гошева од СДСМ која доаѓа на местото на Наташа Велкова од истата советничка група.

DSC_0506_1024x681

Во фокусот на вниманието на советниците беа Програмите за работа на детската градинка „Прва радост“ од Василево и двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ од Василево и „Атанас Нивичански“ од Нова Маала за учебната 2018/2019 година како и извештаите за работата на овие институции за 2017/2018. На прашањата поврзани главно со подготвеноста на институциите да одговорат на потребите за успешен старт и нормално одвивање на сите активности во текот на учебната година одговараа првите луѓе на овие институции кои беа присутни на седницата: Митко Јанев, в.д директор на ЈОУДГ „Прва радост“ од  Василево, Стојан Тимов – директор на ООУ „Гоце Делчев“, Василево и Соња Ничева – директорка на ООУ„Атанас Нивичански“, Нова Маала.

DSC_0512_1024x681

DSC_0526_1024x681

DSC_0521_1024x681

Советниците ја усвоија и предлог – одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2018 година. Одлуката се однесува на промена на распоредот на средствата внатре во програмата на Основното образование  при што  средства од едни  ставки се трансферираат во други ставки.

На седницата беше усвоена и  Предлог- спогодба за начинот и  условите за заедничко организирање на извршувањето на линискиот превоз на патници  за општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село согласно која ќе се надмине повеќегодишниот проблем  што го имаа превознците со лиценци за вршење линиски превоз. Согласно Спогодбата,   наместо како досега да бидат ограничени во давањето на услуги само на тероторијата на сопствената општина на која се регистрирани, превозниците ќе можат без страв од казни патниците да ги транспортираат до Струмица каде ќе имаат одредени стојалишта односно паркинг простор. Спогодбата досега е усвоена од Советите на општините Струмица, Ново село и Босилово. Следен  чекор ќе биде утврдување на  возен ред и јавен конкурс за распределба на линии за превоз на кој ќе можат да се јават сите превозниците од соодветната општина кои ги исполнуваат законските услови.

На оваа седница советниците донесоа и Одлука за определување на надоместок за членовите на Советот на општина Василево, матичарот и општинската администрација за учество при склучување на бракови.

DSC_0478_1024x681

DSC_0500_1024x681

DSC_0513_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail