Во недела ќе се одржи Маршот за Варварица

Still1029_00002

Во недела,  на 28 октомври 2018 год. во организација на општина Василево и Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Струмица ќе се одржи традиционалниот марш до с.Варварица.

Поаѓањето е во 08,00 часот од пред градскиот трговски центар „Глобал“ во Струмица и од пред општинската зграда во с. Василево во истото време.
Превозот е организиран со автобусите на Струмица Експрес и истиот е бесплатен.

Општина Василево ги поканува сите заинтересирани граѓани да се придружат.
Маршот се организира традиционално секоја година а повод е одбележување на годишнина од формирањето на Првиот Околиски народноослободителен одбор за Струмица и Струмичко.

                                                                                                   Со почит,

Општина Василево
Градоначалник
Марјан Јанев

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail