Советот на општина Василево ја одржа 14-та Седница

DSC_0599_1024x681

Денешната редовна 14-та Седница на Советот на општина Василево започна со констатација за престанок и верификација на мандат на нов член во Советот. Тони Малчев од  Коалицијата предводена од СДСМ е новиот член кој доаѓа на местото на Костадинка Печеникова, по нејзината оставка.

DSC_0610_1024x681

Советниците расправаа по материјалите од обемниот дневен ред меѓу кои беше и Извршувањето на Буџетот на општина Василево за периодот од 01.01. 2018 до 30.09.2018 год.

Од планираните 196 580 000 ден. на крајот од пресметковниот период реализирани се 89 274 820 ден. или во проценти околу 45%. Оваа реализација се однесува на вкупниот, консолидираниот Буџет во кој се и Буџетите на единките корисници. Кај основниот Буџет реализацијата е околу 28% или од планирани 112 000 000 ден. реализирани се 31 629 833 ден. Ваквата реализација на Буџетот, градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев ја оквалификува како просечна, притоа објаснувајќи дека тоа пред се се должи на средствата планирани од централно ниво на власт, односно од министерствата, а  кои поради одередени причини општините сеуште не ги добиле.

„Тоа е просечна реализација а причина за таквата просечна реализација се средствата кои требаше да влезат од централните институции како што се министерствата и агенциите чии јавни повици за аплицирање  беа покасно објавени. Општина Василево  аплицираше по сите повици, апликациите се одобрени но средствата ќе бидат обезбедени  пролетта 2019 год.“ рече во образложението градоначалникот Јанев. Како  друга причина за просечната реализација на Буџетот  Јанев  ги наведе планираните 40 000 000 ден. од продажба на државно земјиште кои не се реализирани поради тоа што оваа надлежност  сеуште не е трансферирана од централно на локално ниво.

„Реализацијата во делот на враќањето на кредити е со предвидената динамика, а во делот на доспеани и ненамирени обврски, после многу реализирани проекти во повеќе населени места долгот е зголемен само за околу 3-4 милиони денари, но рокот на отплата на овие обврски е 365 дена“, рече во образложението за извршувањето на општинскиот Буџет, градоначалникот Марјан Јанев на денешната седница.

Советниците ја  усвоија и предлог-одлуката за измена на распоредот на  средствата на Буџетот на Општина Василевo за 2018 година која се однесува на внатрешно прераспределување на средствата на единките корисници ООУ„Гоце Делчев“, Василево и ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала.

На дневен ред на денешната седница беа и Годишниот извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев“  Василево за учебната 2017/2018 година какои и Извештајот од спроведената самоевалуација на ова училиште за период 2016-2018 година. И двата извештаи го добија потребното мнозинство.

Речиси една третина од предлозите за работа за денешната седница беа поднесени од ЈПКД „Турија“, Василево. Покрај Финансискиот извештај за  работата во периодот 01.01.2018 до 30.09.2018, Советниците расправаа и по предлозите од УО на ова претпријатие кои се однесуваа на утврдување на цената за дел од нивните активности и тоа:  утврдување на цената за монтажа на канализациони елементи, утврдување на цената за депонирање на отпад од животинско потекло, утврдување на висина на паричен надоместок за изработка на шахта за фекална канализација, утврдување на цената на водата за пиење по м3 во населеното место Трибичино и дополнување на Ценовникот на ЈПКД „Турија“ за работа на улично осветлување. Сите предлози беа усвоени.

Советниците едногласно го усвоија и предлогот за утврдување на приоретен проект за чие реализирање општината ќе поднесе барање за средства до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој. Советниците одлучија од АФПЗРР да се бара финансиска поддршка за изградба на улица во с. Градошорци.

Советниците позитивно одговорија и на неколкутре барања за финансиска помош поднесени од физички лица.

DSC_0613_1024x681

DSC_0617_1024x681

DSC_0622_1024x681

DSC_0626_1024x681

DSC_0633_1024x681

DSC_0639_1024x681

DSC_0600_1024x681

DSC_0601_1024x681

DSC_0599_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail