Покана од градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев по повод манифестацијата „Ден на празот“

DSC_0589_1024x681

По повод манифестацијата „Ден на празот“, градоначалникот на општина Василево „Марјан Јанев“ упати отворена покана до граѓаните.

Почитувани граѓани!

Во недела на 04 Ноември, во населеното место Градошорци, во организација на општина Василево ќе се одржи традиционалната Манифестација „ Ден на празот“ која го промовира празот и Градошорци како место во кое се произведува најквалитетниот праз во државата .

 По тој повод  упатувам отворена покана до сите граѓани,  во недела, во периодот од 11 до 14 часот да дојдат во Градошорци, да бидат наши гости и да уживаат во содржините на Манифестацијата.  Оние кои се вешти во кујната ги поканувам да подготват  специјалитети со праз  и  на тој начин да ја збогатат големата трпеза која е посебно обележје на оваа манифестација.

Оваа година манифестацијата, добива и една друга   димензија –  хуманитарна . Специјалитетите од праз специјално  подготвени за манифестацијата како и во претходните години ќе можат да се дегустираат од страна на посетителите. Новината е во тоа што граѓаните ќе треба да издвојат симболична сума на средства која ние како организатори  ќе ја донираме  онаму каде што ќе се покаже како најнеопходно. Значи од оваа година им нудиме на граѓаните да ја покажат својата хуманост на дело и со малку средства, да направат големо дело, да помогнат на некој што и те како му е неопходна помош.

Затоа уште еднаш од мое лично име и од име на општина Василево ги поканувам сите граѓани, во недела на 04 Ноември од 11 до 14 часот, да дојдат во Градошорци, во дворот на црквата Св. Никола, да уживаат во содржините на Манифестацијата и воедно да ја покажат своја хуманост на дело.

Почитувани!
Се гледаме во недела, во Градошорци.

                                                       Ваш Градоначалник
Марјан Јанев

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail