Во Градашорци се одржа манифестацијата „Ден на празот“

DSC_0065_1024x681

Денес, во организација на општина Василево, во населеното место Градашорци се организира манифестацијата „Ден на празот“ која 11 години успешно го промовира празот како исклучително здрава храна и Градашорци и околината како место во кое се одгледува најквалитетниот праз во државата и пошироко.

„Годинава по 11-ти пат сме домаќини и организатори на манифестацијата „Ден на празот“. Ако намерата на почетокот била да се промовира празот како здрава храна и ова поднебје како место во кое се произведува најквалитетниот праз во државата и на едно место да се соберат производителите, преработувачите и откупувачите, денес кога екологијата и заштита на животната средина се се поактуални одовде сакаме да упатиме порака дека ние сме еколошки чиста и здрава средина во која се произведува здрава  Храна“, изјави градоначалникот на општина Василево  Марјан Јанев.

Од оваа година, Манифестацијата чиј заштитен знак се многубројните специјалитети од праз специјално подготвени за дегустација доби и една нова -хуманитарна димензија. Градоначалникот Јанев ги покани присутните да ја покажат својата хуманост на дело и да донираат.

„ На сите посетители им нудиме можност да ја покажат својата хуманост на дело со тоа што за специјалетите што ќе ги дегустираат ќе можат и да донираат средства и на тој начин да помогнат на оние на кои им е најпотребно“ изјави градоначалникот Јанев.

Големиот број гости уживаа во вкусот на бројните специјалитети и содржините на културно уметничката програма подготвена од учениците, во фолклорните изведби на КУД „Тримери“  и музичкиот дел од програмата.

DSC_0218_1024x681

DSC_0008_984x768

DSC_0065_1024x681

DSC_0089_1024x681

DSC_0101_1024x681

DSC_0112_1024x681

DSC_0116_1024x681

DSC_0126_1024x681

DSC_0128_1024x681

DSC_0151_1004x768

DSC_0170_1024x681

DSC_0183_1024x681

DSC_0184_1024x681

DSC_0197_1024x681

DSC_0206_1024x681

DSC_0215_1024x681

DSC_0255

DSC_0252

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail