Општина Василево го донесе Буџетот за 2019 година

DSC_0445_1280x851

На два дена пред истекот на календарската 2018 година, Советот на општина Василево го донесе Буџетот за наредната 2019 година кој изнесува 93 566 350 денари. Консолидираниот, односно Вуџетот заедно Буџетите на единките корисници, ООУ„Гоце Делчев“, Василево, ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала и ЈОУДГ„Прва радост“,изнесува 172 300 150  денари.

„Буџетот за 2019 година е направен според новите правила на Министерството за финансии согласно кои висината на Буџетот е лимитирана на просечната реализација на Буџетот во изминатите три години со можност од проширување во висина од 10%. Целта на Владата е ние како општини да бидеме ограничени во делот на задожувањата и да работиме домаќински односно да сработиме онолку колку што општината ќе има приходи. Од друга страна нема да бидеме ограничени во делот на реализација на предвидените проекти бидејќи врз основа на склучен договор за реализација на одреден проект и обезбедени средства ќе имаме можност со ребаланс на Буџетот истиот да го прошириме и да ги реализираме проектите“ рече во своето образложение градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, кој додаде дека Буџетот е составен од Програмите кои Советот ги донесе на претходната седница.

На седницата согласност добија и останатите предлози од дневниот ред односно Програмата за работа на ЈПКД „Турија“, п.о Василево за 2019 год. Одлуката на УО на ЈПЛД „Турија“ Василево за утврдување на цената за водата за пиење или водоснабдување и Одлуката на УО на ЈПКД „Турија“, Василево за утврдување на цената за собирање и одведување на урбани води.

Донесена беа и  Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2019 година и Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2019 година.

Ова воедно беше и последната Седница на Советот на општина Василево за  на 2018 година.

DSC_0450_1280x851

DSC_0447_1280x851

DSC_0454_1280x851

DSC_0455_1280x851

DSC_0457_1280x851

DSC_0461_1280x851

DSC_0465_1280x851

DSC_0481_1280x851

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail