Дивите депонии на удар на ЈПКД „Турија“ Василево

6

ЈПКД „Турија“ од Василево во соработка со општина Василево годинава ја започна со интензивни активности  во справувањето со дивите депонии.

„Во деновите кога дозволуваат  временските услови механизацијата е на терен и работи на расчистување на   дивите депонии кои главно се наоѓаат покрај патиштата –  на влезовите и излезите од населените места“, информираше . в.д директорот на ЈПКД „Турија“  Зоранчо Ѓеоргиев, кој прецизираше дека  во текот на вчерашниот ден се чистело ѓубрето  покрај локалниот патен правец Василево – Пиперево  од каде се собрани околу 160  м 3 отпад и истиот е депониран на соодветна локација.

Од почетокот на календарската година до сега исчистени се неколку диви депонии во повеќе наслени места и тоа: во Пиперево  – дивата депонија кај мостот, како и диви депонии во населените места Василево, Добрашинци и Дукатино. На секоја исчистена дива депонија ЈПКД  „Турија“ поставува информативна табла со натпис „забрането фрлање отпад“ како информација и  последна опомена до граѓаните  да не го фрлаат отпадот на јавните површини.

„Општината заедно со ЈПКД  „Турија“ оваа година  битката со справувањето со дивите депонии ќе ја води многу поенергично.  Комуналните редари во партнерство со колегите од  комуналното претпријатие ќе бидат постојано на терен и  секое евидентирано фрлање  па ѓубре од страна на граѓаните на  јавна површина ќе биде санкционирано“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, најавувајќи казни за  граѓаните кои ќе бидат фатени како фрлаат ѓубре на недозволени места.

Општината и ЈПКД „Турија“ се единствени во ставот дека оваа активност ќе се одвива и во наредниот период, во континуитет, во сите населени места со единствена цел  трајно решавање на прашањето со дивите депонии и неконтролираното фрлање отпад на јавни површини .

Од општината и јавното претпријатие упатуваат апел до граѓаните отпадот да не го фрлаат на јавните површини туку да го депонираат на местата одредени за таа цел.

4

6

7

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail