Започна изградбата на канализациона мрежа во с. Едрениково

13

Во населеното место Едрениково, деновиве  започна изградба на канализациона мрежа.  Информација за текот на активностите и детали околу проектот даде градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој денес беше на трасата во Едрениково и направи увид во работите на терен.

„Би сакал да ги информирам граѓаните од населеното место Едрениково но и целата јавност дека овие денови почнавме со изградба на фекална канализациона мрежа во ова населено место – активност која е во согласност со Програмата за изградба на системи за одведување на отпадни води. Ова е проект на кој општина Василево работеше изминатата година.  Целиот проект  опфаќа изградба на примарна и секундарна мрежа со што ќе овозможиме на сите домаќинства  да се приклучат кон истата и на тој начин ќе ги подобриме условите за живот во Едрениково но и ќе ја подобриме здравата животна средина. Вкупната инвестиција на овој проект изнесува 10 000 000 денари, средства обезбедени преку УНДП од страна на Швајцарската влада.“ изјави градоначалникот Јанев при неговата посета на местото на изградбата на системот за канализација.

Изградбата на системот за канализација во населеното место Едрениково е во рамки на УНДП проектот „Управување со сливот на река Струмица“ каде  партнери се општините од Струмичкиот слив, Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМакедонија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Градоначалникот Јанев во денешната изјава информираше и за следните активности кои во продолжение ќе бидат преземени а се во насока на подобрување на условите за живот на населението и зачувување на животната средина во ова населено место.

„Паралелно со ова сакам да ги информирам граѓаните на населеното место Едрениково дека се обезбедени и дополнителни средства во висина од 15 000 000 денари за изградба на прочистителна станица за прочистување на  фекалните отпадни води која треба да се реализира во текот на оваа година. Наша цел е да овозможиме зачувување на здравата животна средина од една страна и да ги подобриме условите за живот во ова населено место од друга страна, изјави градоначалникот Јанев  ветувајќи обезбедување средства за изградба на вакви системи и во останатите населени места  на општина Василево.

 5

7

9

10

1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail