Советот на општина Василево донесе одлука за кредитно задолжување на општината за набавка на возило за смет

DSC_1039_1280x851

На денес одржаната редовна 23-та седница, Советот на општина Василево донесе одлука за кредитно задолжување на општината заради набавка на специјално возило за собирање и транспорт на смет. Образложение за оправданоста за кредитното задолжување даде претседателот на Советот на општина Василево, Крсте Панев, кој појасни дека целта на набавката на новото возило е да се створат услови за да  може организирано да се собира сметот  од домаќинствата во уште неколку населени места, односно жителите на уште неколку населени места да бидат  опфатени со организираното собирање на смет.  Кредитот, односно долгорочното домашно задолжување ќе се оствари преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка. Износот на заемот изнесува  4 370 000 денари, а капацитетот  возилото што ќе биде набавено ќе изнесува 5,5 м3. Рокот на отплата на кредитот ќе биде 2 години со грејс период од 6 месеци.

На седницата донесени се и измени на Статутот на општина Василево и истите се однесуваат на името на државата, имено  секаде каде што во досегашнит текст стои Република Македонија се заменува со Република Северна Македонија.

Советниците позитивно одговорија и на барањето за финансиски средства, кое беше доставено до советот од ЖФК „Тиверија“ од Струмица.

Гостин на денешната седница беше секретарот на ОО на Црвен крст Струмица, Марјана Тошева, која по завршувањето на Седницата, надвор од дневниот ред, имаше кратка презентација на целите и планираните активности на ОО на Црвениот крст Струмица во наредниот период. Образложи дека за нивна успешна имплементација побара поддршка од општината и Советот како нејзин орган. Тошева посебно побара помош во делот на таргетирање на граѓани од општина Василево, заинтересирани да посетуваат обуки за помош на ранливите категории на граѓани,  кои по завршувањето на обуките би биле работно ангажирани за соодветен финансиски надоместок. Исто така Тошева информираше и за организирана крводарителска акција која ќе се случи во периодот од 09,00 до 14,00 часот на 31.07.2019 година, во Домот на културата во Струмица. Општина Василево како докажан партнер на ОО Црвен крст, Струмица, упатува апел до сите свои сограѓани, како и многупати досега да се вклучат и во оваа акција и да ја покажат својата хуманост на дело.

DSC_1019_1280x851

DSC_1025_1280x851

DSC_1028_1280x851

DSC_1031_1280x851

DSC_1032_1280x851

DSC_1037_1280x851

DSC_1043_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail