Првачињата од општина Василево се зачленија во Светската детска организација

DSC_0220_1280x851

Од денес, првачињата од општина Василево станаа членови на најголемото детско семејство-  Светската детска организација. На свечениот настан организиран во двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ и „Атанас Нивичански“ пред своите родители, наставници и другарчиња,  првачињата дадоа ветување дека ќе учат, ќе ги почитуваат возрасните и наставниците, ќе бидат вредни и умни и ќе другаруваат.

Многу здравје, среќа,  успех во учењето и безгрижно и весело детство им посакаа првите луѓе на училиштата, Стојан Тимов- директор на ООУ „Гоце Делчев“ и Соња Ничева- директорката на ООУ „Атанас Нивичански“.

Честитки по повод зачленувањето во Светската детска организација им упатија и претставниците од општина Василево, кои  од името на локалната самоуправа и градоначалникот Марјан Јанев им ветија поддршка во реализацијата на нивните проекти и активности.  Со подарок школкски прибор, локалната самоуправа дополнително им го разубави на првачињата,  овој за нив посебен ден.

DSC_0243_1280x851

DSC_0225_1280x851

DSC_0234_1280x851

DSC_0228_1280x851

DSC_0248_1280x851

DSC_0251_1280x851

DSC_0275_1280x851

DSC_0255_1280x851

DSC_0258_1280x851

DSC_0292_1280x851

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail