Општина Василево асфалтираше улица во Седларци

naslov

Општина Василево денес асфалтираше улица во населеното место Седларци. Улицата е во должина од 150 и ширина од околу 3,5 со банкини од по половина метар и истата води кон селската црква.

„Ова е една од 15-те улици, планирани за асфалтирање низ повеќе населени места на општината за оваа година, кои на терен  ги гради  градежната компанија Портланд  како најповолен понудувач.  Досега во рамки на оваа набавка изградени се две улици  во  Градашорци од 180 и 120 метри и една улица во населеното место Ангелци во должина од 150 метри. За изградба остануваат уште десетина улици и тоа три во Василево, четири во Висока Маала, три во Пиперево и една во Сушево. Се надеваме  дека временските услови ќе бидат поволни како би можела нивната изградба да заврши до крајот на годината“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој денес беше на терен и го следеше асфалтирањето на улицата во Седларци.

Буџетот за изградба на оваа улица изнесува околу 700 000 денари, средства обезбедени од општинската каса.

1

DSC_0862_1280x851

2

3

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail