Започна изградба на улица во Нова Маала кон резервоарот

naslov

Денес, во населеното место Нова Маала, започна изградбата на улицата која води кон резервоарот.  Вкупната должина на улицата изнесува 181 метри, со широчина на асфалтниот коловоз од 3,5 метри и  армирано бетонски канал  од десната страна на улицата за  прифаќање на атмосферските води.

„Постоечката улица е со земјан коловоз и при дождови се раскалува и е тешкопроодна. Со изградбата ќе решиме еден огромен проблем пред се на оние граѓани кои се нејзини најдиректни корисници но и на сите жители на населеното место Нова Маала“ изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев кој денес беше на терен и присуствуваше на официјалниот старт на градежните активности на оваа улица.

Вкупниот буџет за изградба на  улицата изнесува околу  1 980 000   денари од кои  1 000 000  се обезбедени како грант од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD) во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), а остатокот во износ од  околу 980 000 ден.  се средства од  општинската каса.

Изведувач на работите на терен е градежната компанија Дикор. Согласно Договорот   улицата треба да биде изградена до крајот на оваа година.

1

8_1280x960

12_1280x960

15_1280x960

16_1280x960

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail