Општина Василево одбележа 23-години од своето постоење

1

Со Свечена Седница, Советот на општина Василево ја одбележа 23-годишнината од своето постоење.   Седницата ја отвори Претседателот на општинскиот Совет, Крсте Панев, кој во своето поздравно обраќање рече:

„Актуелниот Совет како алка од еден синџир кој започнал да се плете пред 23 години, надоврзувајќи се на веќе направеното, изграденото, постигнатото,  со своите Одлуки, продолжува да гради, надградува,  доградува и проширува врз основите поставени од нашите претходници.

Тргнувајќи од потребите и идеите на граѓаните чии интереси ги застапуваме и претставуваме, преку Одлуките, Плановите и Програмите што ги носиме,  заедно со  Градоначалникот и поддршката од општинската администрација, ги преточуваме во проекти со чија реализација ги уредуваме и  развиваме нашите населени места, ја градиме нашата општина Василево, како локална заедница каде квалитетот на животот на сите граѓани,  од сите населени места,   е единственото мерило и  критериум за развој“.

На присутните им се обрати и првиот човек на општината, градоначалникот Марјан Јанев, кој посебно се осврна на резултатите и достигнувањата на општина Василево, за време на неговиот мандат односно периодот од последните две години.

„ Граѓаните на општина Василево, верувам, ги препознаваат резултатите од 23 годишното постоење на општина Василево, бидејќи тие се најверни свидетели на промените и развојот.

Со целосна почит кон трудот и резултатите на моите претходници, во денешното обраќање ќе се осврнам на периодот од последните две години, на кои гледам како на продолжување на заедничкиот проект  „Општина Василево – наш заеднички дом“, чии темели ги постави првиот градоначалник, Добрин Андонов,  за потоа континуираниот развој да го продолжат,  Методи Митев, Славе Христов и Ванчо Стојано. Како актуелен градоначалник во мојот  двегодишен мандат,  секојдневно,  макотрпно, посветено, со целиот свој капацитет, заедно со мојот тим и општинската администрација се вложувам во нејзиниот развој, во нејзината изградба, оставајќи свој печат во секое населено место преку  реализираните проекти кои значат подобар живот на целокупната заедница“, рече Јанев кој во продолжението од своето обраќање ги презентираше реализираните активности, кои како што кажа се во насока на продолжување на заедничкиот проект  „Општина Василево – наш заеднички дом“.

Деловните партнери и соработници кои имаат посебен придонес во развојот и промоцијата на општината, добија Благодарници, како и ученици од двете основни општински училишта кои се истакнуваат со постигнатите резултати и воедно ја афирмираат и промовираат општина Василево.

1

2

3

4

7

8

10

11

12

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail