Општина Василево гради на две траси во Добрашинци

naslov

Денес, општина Василево асфалтира на две различни локации во населеното место Добрашинци и тоа  патот од крстосницата пред с.Доброшинци до брана Турија во должина од 800 метри и една улица во Добрашинци во должина од 420 метри, која води од мостот на влезот во селото, преку опфатот на насленото место па се до постоечкиот земјен пат во самото село.

Буџетот за изградба на патот што води кон Брана Турија изнесува  околу 12 000 000 денари , од кои околу 10 000 000 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и  околу 2 000 000 денари од општинската каса. Ширината на овој пат изнесува 5,5 метри.

За изградба на улицата во Добрашинци, Буџетот изнесува околу 5 300 000 денари од кои околу 3 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа а остатокот од сопствениот буџет.

Градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев  денес беше на терен, каде на лице место се информираше за текот и динамиката на активностите.  Според неговата информација,  согласно планирањата и динамиката со која се одвиваат активностите, двете улици комплетно ќе бидат завршени пред крајот на оваа календарска година.

„Активностите на терен се одвиваат соглано планираното, што значи до крајот на оваа година и патот кон Брана Турија и улицата од 420 метри ќе бидат  целосно завршени. Заради специфичните услови  на теренот,  местоположбата на улицата покрај која има и атмосферски канал,  истата ќе се гради во два слоја, но до крајот на оваа година и таа ќе биде комплетно готова. За жителите на Добрашинци конечно решаваме еден огромен проблем со проодноста и пристапноста кон нивните домови, а со реконструкцијата на патот кон Брана Турија решаваме регионално прашање имајќи  предвид дека истиот води и кон регионалната депонијата Шапкар“, изјави градоначалникот на општина Василево Марјан Јанев, по извршениот увид во градежните работи на терен.

6_1280x960

14_1280x960

16_1280x960

5_1280x960

12_1280x960

14_1280x960

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail