Во Ангелци ќе се гради детска градинка

1

Годинава, во населеното место Ангелци, ќе се гради нова детска градинка. Средствата во висина од околу 15 000 000 денари, општина Василево ги обезбеди преку Министерството за транспорт и врски со кое има склучено Договор  со кој се уредуваат меѓусебните  права, обврски и одговорности за реализација и финансирање на активности за изградба на детската  градинка и набавка, испорака и монтажа на опрема за истата.

Градинката ќе се гради на локација во непосредна близина на улилишната зграда на ПУ „Гоце Делчев“, Василево, за која општината согласно Договорот ги има обезбедено  потребните услови за функционирање на градилиштето како и обезбедени  приклучоци за за електрична енергија  и вода.

Капацитетот на оваа детска градинка  ќе биде 55 деца.

Во тек е тендерска постапка за избор на фирма, која на терен ќе ги изведува градежните работи.

Истата треба да биде комплетно завршена и опремена до крајот на 2021 година.

1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail